Царина ги проверува лажните фактури од увоз на пелети, а резултати од истрагата после грејната сезона

Од:

Царинската управа ги проверува сомнителните фактури од увоз на пелети на трговците кои министерот за економија, Крешник Бектеши ги посочи пред медиумите, но резултати од истрагата ќе има за неколку месеци, односно по завршувањето на грејната сезона.

„Царинската управа постапувајќи по своите надлежности, во последните 3 месеци, има испратено на проверка фактури кои се однесуваат на увоз на пелети, до странски царински администрации. Постапката за проверка на истите е се уште во тек, и согласно пропишаната административна соработка, трае неколку месеци. Во зависност од добиените резултати, доколку се утврдени неправилности, ќе бидат преземени соодветни мерки“, рекоа од Царинската управа за „А1он“.

Реакцијата на Царина доаѓа откако министерството за економија утврди дека при увоз на пелети се доставувале лажни фактури, а проверките беа направени по замрзувањето на цената на пелети на 27 денари по килограм што ги направи трговците незадоволни.

– Цената која е пријавена во Царинска управа за месец октомври е 24 денари по килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство, ги повкувам веднаш Управата за јавни приходи и секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат, да ги контролираат и веднаш да бидат санкционирани. Јас одговорно како министер за економија, велам дека фактурите се лажни и тоа е кривично дело каде што надлежните органи треба да постапуваат – обвини Бектеши.

За овој случај „А1он“ побара одговор и од Управа за јавни приходи. УЈП се уште не добила баеања за постапување ниту од министерството за економија ниту од Царинската управа.

„Управата за јавни приходи, согласно Законот за даночна постапка, може да врши надворешна контрола кај даночни обврзници со цел да се изврши проверка, утврдување и оценување на состојби што се од важност по однос на даноците, во случаите каде има индиции за неисполнување на даночни обврски. Доколку Министерството за економија има сознанија за даночни обврзници кои имаат неправилности од аспект на даночното работење, УЈП ќе преземе соодветни мерки, односно ќе насочи контрола кај истите. Не се доставени барања за постапување до УЈП ниту од страна Министерството за економија, ниту и од Царинската управа“, објаснија од УЈП.

Оттаму посочија дека за докажување на овој случај треба примена на истражни мерки за кои е надлежна Управата за финансиска полиција.

„Во однос на делот на изјавата за лажните фактури, укажуваме дека откривањето и докажувањето на кривичните дела бара примена на истражни мерки, за кои надлежност има Управата за финансиска полиција“.

„А1он“ пред дваесет дена испрати прашања до Управата за финансиска полиција дали ќе се постапува по наводите на Бектеши за лажни фактури, но оттаму не добивме одговор.

Би можело да ве интересира

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски