Бурмански питон прошета низ северен Велс

Од:

Жителите на местото Енглси во северен Велс останале вџашени кога виделе бурмански питон како излегува од прозорецот од една зграда и ползи по телефонската жица кон соседниот објект, објави „Дејли Телеграф“.

Тие веднаш повикале полиција која набрзо заклучила дека змијата е нечиј домашен миленик, кој се впуштил во бегство.

Според весникот, бурманскиот питон избегал од неговиот терариум, се качил на горниот кат и излегол низ прозорец на зградата. Потоа ползел по телефонска жица и стигнал до другата зграда. Од таму питонот влегол во шахта, каде бил „уловен“ од полицијата.

Фотографиите од прошетката на змијата ги објави еден локален полицаец на својот налог на Твитер како предупредување за сите.

– Поголем број сопственици своите влекачи ги чуваат на сигурно во терариуми, но ова е предупредување за оние кои не го прават тоа, дека би треало, порача преку Твитер полицискиот наредник Роб Тејлор.

Бурманските питоми во дивината живеат близу до водите и се вешти во искачување на дрва и ловењето птици.

Питонот од почетокот на приказната по фаќањето му е вратен на сопственикот, кој добил предупредување за начинот на кој го чува својот миленик.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија