Борис Дамовски дома – засега не е дел од шпионската мрежа

Од:

Борис Дамовски, режисерот на анимираната серија „Еднооки“ засега е ослободен од обвинението за шпонажа, откако дал исказ во полиција.

Дамовски бил предмет на обработка цели две години, бидејќи според МВР бил дел од организирана разузнувачка група која давала доверливи документи на странски тајни служби и со тоа ја довеле во опасност државната безбедност, соопшти вчера портпаролот на МВР, Иво Котевски.

За разлика од Дамовски, кој по информативниот разговор во полиција, беше пуштен на слобода, 16 лица даваа исказ пред истражен судија, по пријава од полицијата за шпионажа, злосторничко здружување и измама.

Меѓу уапсените во вчерашната бомбастична акција на МВР, се Марјан Маџовски – шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, екс командантот на Лавовите, Горан Стојков, Ване Цветанов поранешен директор на Управата за спречување перење пари, сите дел од јавниот и политичкиот дел на земјава.

Полицијата по долго следење ги товари за оддавање на доверливи документи.

Сите уапсени од вчера даваат изјави пред истражен судија, по тројца полицијата се уште трага, меѓу кои и по новинарот Зоран Божиновски, со полициски псевдоним Луди Милојко, а двајца веќе одлежуваат затворски казни за други дела, а се сомничат дека се дел од шпионската мрежа.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

Американски двоен агент кој работеше за Москва е пронајден мртов

Горан Наумовски

Руските истражители го обвинија новинарот Еван Гершкович за шпионажа