„Борење со мечка“ на сцената на велешкиот народен театар

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ театарската група при Австралиско-Македонскиот Театар од Сиднеј синоќа ја изведе претставата „Борење со мечка“.

Во претставата, која е на текст на Душан Ристевски, а  во режија на Стефо Нанцу, настапија Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котевска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

Душан Ристевски, автор на текстот, кој воедно е дел од тимот на Австралиско –Македонскиот Тетар од Сиднеј, е задоволен од изведбата на претставата. Вели дека од бројните негови текстови ова му е шести кој е поставен на сцена, и дека наскоро во Австралија по негов текст ќе работат комична претстава „Доктор жими мајка“.

Тој посочи дека вакви со претстави на македонски јазик најчесто настапуваат во места каде живеат македонски иселеници и оти тие одлично прифатени од сите генерации. – Целта на Австралиско-Македонскиот Театар  е негување и популаризација на текстови на македонски јазик и нивна изведба и претставување пред младата публика Македонци во Австрлија, изјави Ристевски  за МИА.

Претставата вечерва ќе биде изведена во Центарот за култура  во Штип, потоа и во Струмица, Прилеп, Битола и Охрид. Во наредниот период имаат покани и за гостување кај македонските иселеници во САД и Канада и Шведска.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска