БиХ: 24 години по војната се уште има 8.050 сомнителни опасни подрачја со мини

Од:

Дваесет и четири години по војната во БиХ, се уште има околу 8.050 сомнителни опасни подрачја поради мини на територија од 995,87 квадратни километри и 917 потврдени опасни области од 22,14 квадратни километри.

Босна и Херцеговина успеа да ослободи вкупно 158,5 квадратни километри во текот на изминатите пет години, уништувајќи 8.992 мини и 9.992 други експлозивни остатоци од војната, јавија локални медиуми.

Оваа година во БиХ беа регистрирани две несреќи при деминирање во кои тројца деминери беа повредени, а две со смртен исход, според Центарот за расчистување мини во БиХ.

Директорот на тој центар Саша Обрадовиќ и амбасадорот на БиХ во Норвешка Недим Макаревиќ, како делегација на БиХ, ќе зборуваат за таа тема за време на Четвртата ревизиска конференција „Свет без мини“ во Осло од 25 до 29 ноември, по повод одбележувањето на 20-годишнината од влегувањето во сила на Конвенцијата за забрана на производство, употреба, складирање и трансфер на противпешадиски мини.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина