Библиотеки како туристички атракции

Од:

 Многу од овие библиотеки станаа цел на туристите поради архитектонските решенија, но и богатството, кое го чуваат.

Со векови кралевите, претседателите, монасите и богатите интелектуалци граделе библиотеки за да ги сместат книгите. Голем број библиотеки денес станаа вистинска туристичка атракција, благодарение на неверојатните архитектонски решенија и богатството кое го чуваат. Голем дел од нив се наоѓаат на списокот на УНЕСКО.

Марсијана, Венеција

Играденна во 1564 година, библиотеката Марсијана е една од најстарите во Италија. Се наоѓа на Плоштадот Свети Марко и навистина е жално што туристите најчесто само поминуваат покрај неа. Градена е 50 години, а Тицијан избрал седум ренесансни уметници (меѓу нив и Веронеза) за да ја насликаат. Таа е отворена од 8.00 до 19.00 часот, а во сабота до 13.30 часот.

Ататурк, Истанбул

Најпознатите истанбулски библиотеки се сместени во важни историски објекти, а најинтересната е „Ататурк“, која се наоѓа на плоштадот Таксим. Зградата е шестоаголна и има половина милион книги, а интересно е дека во вечерните часови има најмногу луѓе, особено во преубавиот двор. Отворена е 24 часа дневно, седум дена во неделата!

Ангелика, Рим

Ова е прва библиотека во Европа која била отворена за јавноста, а изградена е во 1609 година. Таа чува 200.000 книги и збирки на ренесансни писатели. Се наоѓа во близина на Плоштадот Навона. Отворена е од 8:15 до 13.45, а влезот е дозволен за постари од 16 години. 

Национална, Париз

Во Градот на светлината вреди да се посетат две библиотеки од 19-от век: национална „Ришеље“ и „Сент Женевјев“. Во Националната библиотека најинтересна е Лабрустовата читална, каде на наоѓаат ретки книги, ракописи од илуминации и медали на француските кралеви. Овие библиотеки најдобро е да се посетат со организирани тури (во 15,30 часот, влезот чини три евра).

Александрина, Египет

Неколкуте пожари кои ги предизвикаа Римјаните беше доволно да се уништи славната Александриска библиотека. Сепак новата Александрина од 2002 година е задолжителна туристичка атракција во еден од највозбудливите градови на Медитеранот. Библиотеката изгледа како сончев диск, кој е свртен кон морето. Има четири музеи, 15 сали за изложби и планетариум. В петок е затворена, а туристите имаат водич од 11.00 до 17.00 часот.

Рајксмузеум, Амстердам

Ова е една од најважните библиотеки во светот, а изградена е во 1885 година. Книгите се опкружени со богата колекција на слики од Вермер и Рембрант. Неодамна е реновирана и во неа може да се види читалната од 19-от век. Таа е отворена од 9.00 до 17.00 часот, билетот чини 17,50 евра и важи и за музејот. 

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска