БДП лани изнесувал 525.620 милиони денари

Од:

Бруто-домашниот производ во 2014 година изнесува 525.620 милиони денари и во однос на 2013 година номинално е зголемен за 4,7 отсто. Реалната стапка на раст на БДП, во однос на 2013 година, изнесува 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2014 година имаат Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 18,7 отсто.

Финалната потрошувачка во 2014 година, во однос на 2013 година, номинално расте за 1,9 отсто, а во структурата на БДП учествува со 86,8 осто.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2014 година изнесува 47,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов