Баварија бара враќање на граничната контрола на германските надворешни граници заради косовските имигранти

Од:

Заради големиот број косовски имигранти, Владата на најголемата германска провинција Баварија сака повторно воведување на граничната контрола на надворешните граници на државата, пренесе Танјуг, повикувајќи се на германските медиуми.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека доколку враќањето на граничната контрола се покаже правно невозможно, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер треба да продолжи со измените во Шенгенскот договор.

Целта на барањето е запирање на автобусите со косовски имигранти, кои бараат азил, уште пред да влезат на германска територија, посочуваат германските медиуми.

Весникот „Тагешпигел“ пред неколку дена напиша дека лавината од косовски Албанци,кои бараат азил во Германија, почна да се намалува. Минатата недела во Баварија просечно дневно пристигнуваа 223 косовски државјани, а една недела пред тоа нивната бројка изнесуваше околу 500.

Весникот забележува дека намалувањето на косовските имигранти е резултат на одлуката на германската Влада за скратување на процедурата за разгледување на молбите за азил.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени