Бан: Ако Асад употреби хемиско оружје ќе му се суди

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да се изведе пред лицето на правадата ако неговиот режим употреби хемиско оружје за задушување на бунтот во неговата земја.

– И ја пренесов загриженоста на сириската Влада и испратив писмо до претседателот Асад пред два дена. Секој кој ќе употреби хемиско оружје мора да биде изведен пред лицето на правдата, изјави Бан на прес-конференцијата во Багдад.

Во исто време, шефот на сириската дипломатија Фајсал Макдад наведе дека стравува оти западните држави изразуваат загриженост дека Сирија би можела да употреби хемиско оружје само за да имаат основа за интервенција.

Многу западни претставници, меѓу кои и генералнмиот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, изјавија дека постои опасност сирискиот режим да употреби хемиско оружје, додавајќи оти ако тоа се случи ќе уследи моментален одговор на меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети