Австрија: 13-годишно момче преживеа пад од 33 метри

Од:

Тринаесетгодишниот Александер О. од Тирола преживеа пад од 33 метри, откако паднал од една карпа во шума, во која возел велосипед.

-Дали е можно да сум жив- го прашало момчето лекарот Томас Кернер, по спасувањето.

Искусниот спасувач, се изненадил кога го пронашол во свесна состојба.

-Не можевме да им веруваме на своите очи, момчето сигурно има 500 ангели чувари- вели тој.

Александер се возел со велосипед низ шумата, која што се наоѓа во близина на неговата куќа. Здогледал голема карпа на која и се приближил за да ја види поубаво.

-Од љубопитност се приближил премногу до работ и паднал- изјавил Кернер.

Тој се здобил со бројни полесни повреди, бидејќи при падот повеќе пати удрил во острите карпи. По падот успеал преку мобилен телефон да го повика својот татко, кој ја алармирал лекарската екипа.

-Кога го пронајдовме беше во свесна состојба и за чудо немаше потешки повреди – вели Кернер.

Спасувањето на тринаесетгодишното момче било голем предизвик, бидејќи провалијата каде што паднал, била широка помалку од пет метри, поради што пилотот од спасувачкиот хеликоптер морал со јаже да се спушти до него.

По укажување на првата помош, Александер е префрлен во болница во Салцбург, а примариусот Јозеф Обрист потврдил дека состојбата на момчето е стабилна и дека случајот се „граничи со чудо“.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче