АВРМ и „Партнер“ потпишаа Меморандум за соработка

Од:

Агенцијата за вработување на Република Македонија и Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“ денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ги регулираат меѓусебните односи, размената на информации, а на невработените лица на кои ќе им биде понудена работа преку оваа приватна агенција ќе овозможи да им бидат загарантирани истите права како и кога таа ќе им биде понудена од АВРМ.

–  Со овој меморандум ги утврдуваме конечните правила на игра меѓу АВРМ и приватната агенција „Партнер“, а во натамошниот период и со другите агенции кои ќе покажат желба да соработуваат со АВРМ да ги користат нашите информации, а воедно да ни даваат и повратни информации колку од невработените одговориле на повикот, колку дошле на разговор, колку добиле работа, колку воопшто не се појавиле на разговор. Во иднина ќе имаме поинтензивна соработка со приватните агенции бидејќи има работни места и сакаме на секој што е заинтересиран да му го истрасираме патот за да си најде соодветно вработувње, истакна при потпишувањето на меморандумот директорот на АВРМ Влатко Поповски.

Поканата од приватните агенции, додаде, е покана и од Агенцијата за вработување на Република Македонија, бидејќи заеднички работиме на пазарот на трудот во обезбедување на поголем број работни места, можности за вработување.

–  Тие некаде се од краткотраен аспект, некаде од долготраен. Во секој случај можеме некому да му понудиме работа, првично да биде привремено ангажиран, да се докаже, а подоцна да биде ангажиран трајно во таа компанија каде што ќе биде изнајмен од страна на агенциите, истакна Попоски.

Директорот на агенцијата „Партнер“ Раде Ненадиќ истакна оти на ваков начин се дава еден посеризен статус на агенциите за вработување, а на сите невработени лица кои се заинтересирани и активно бараат работа им се овозможува тоа како прва можност да го направат преку агенциите за привремени вработувања.

– Во сите земји, особено во членките на ЕУ, агенциите за привремени вработувања се користат како отскочна штица за влез на пазарот на трудот, младите преку краткотрајни повремени работни ангажирања да се запознаат со пазарот на трудот, да се стекнат со одредени работни навики и да дојдат до одреден приход. Со АВРМ заеднички делуваме со единствена цел – намалување на бројот на невработени и пред се намалување на бројот на невработени млади лица до 29 години, истакна тој.

Во моментов во Република Македонија 98.502 лица активно бараат работа односно се водат како активни невработени лица, а 115.407 како други невработени лица, кои се изјасниле дека не бараат работа. Најмногу слободни работни места има за заварувачи, бравари, лимари, стаклари, монтери на гипс картони, возачи, ракувачи на градежни машини, општи градежни работници.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он