АОПЗ: Усвојување на измените на Законот за правата на малцинските заедници

Од:

Парламентот да ги усвои измените и дополнувањата на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во РСМ до крајот на годинава, а најдоцна пред распуштањето на Собранието во пресрет на предвремените избори, очекуваат од Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Како што истакна на денешната средба со новинарите директорот на Агенцијата, Илхан Рахман, прв термин за усвојување на измените на Законот беше октомври 2018 година, но работите се одложија поради одржување на референдумот.

– Пред три недели измените на Законот се усвоени на Владина седница, и законот е пратен во Собранието. Очекуваме наскоро да се најде на дневен ред на Собранието. Посакуваме законот да се донесе годинава, рече Рахман.

Главна цел на измените на Законот е да се подобри состојбата со имплементацијата на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализациајта на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.

– Проблеми имаме со владеењето на правото и примената на законите. Некаде на половина сме од остварување на правта кои ни ги дава Уставот, во делот на правичната застапеност. Во однос на наставата, има редовна настава на Србски, Ромски и Бошњачки јазик, но немаме доволно учебници ниту кадар, вели заменик директорот на АОПЗ Џељал Хоџиќ.

Во делот на медиумите, очекуваат проблемот со, како што псочуваат, лошите услови на редакциите на малцинските заедници во МРТВ да се реши со отворањето на четвртиот канал на националниот сервис кој ќе емитува програма на јазиците на заедниците, и со доекипирање на кадарот. Предлозите на АОПЗ за оваа област за формирање посебен фонд за поддршка на медиуми, однсно интернет портали на заедниците, велат, се влезени и во владината Предлог стратегијата за едно општество.

Измените на Законот се поставени на ЕНЕР, засновани се на досегашното искуство на АОПЗ и на меѓународните стандарди во оваа облст, а меѓу првата и втората фаза од собраниската процедура се најавуваат и јавни дебати за законот. Законот е подготвен од работна група со поддршка од ЕК преку ТАИЕКС инструментот и од ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Албански пратеник активираше димни бомби, говорницата беше блокирана со столчиња

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

(ВИДЕО) Крвави образи и скршени очила во тепачката на бугарските пратеници: Се клоцаат и се нарекуват гниди

Орце Костов

Шведската премиерка го призна поразот, десницата има мнозинство во парламентот

Џафери според Деловникот имал право да ги заклучи пратениците објаснуваат од Парламентот

Катерина Ѓуровски

Се знае конечниот состав на албанскиот Парламент

Жарко Настоски