Антички град на Маите откриен во мексиканската џунгла

Од:

Досега непознат антички град на Маите е откриен во џунглите на јужно Мексико, соопшти Антрополошкиот институт на земјата (INAH), додавајќи дека најверојатно бил важен центар пред повеќе од илјада години.

Градот вклучува големи згради во облик на пирамида, камени столбови, три плоштади со згради и други структури распоредени во речиси концентрични кругови.

Од институтот додаваат дека градот, кој го нарекоа Окомтун – што значи „камен столб“ на јукатанскиот јазик на Маите – веројатно бил важен центар во централниот регион на полуостровот помеѓу 250 и 1000 година од нашата ера.

Се наоѓа во еколошкиот резерват Баламку на полуостровот Јукатан и е откриен за време на претресот на главно неистражен дел од џунглата, поголем од Луксембург. Пребарувањето се одвиваше помеѓу март и јуни оваа година, со помош на технологија за воздушно ласерско мапирање.

Цивилизацијата на Маите, позната по своите напредни математички календари, се рашири низ југоисточно Мексико и делови од Централна Америка.

Конфликтите, различните сојузи, борбата за превласт и војните доведоа до нејзино опаѓање уште пред доаѓањето на шпанските конквистадори, во чии воени походи последното упориште падна кон крајот на 17 век.

Локалитетот Окомтун има централна област лоцирана на високо место и опкружена со големи мочуришта, која вклучува неколку пирамидални структури високи до 15 метри, рече главниот археолог Иван Спрајц во изјавата.

Градот имал и игралиште. Игрите со топки, широко распространети низ регионот на Маите, се состојат од носење гумена топка што го претставува сонцето низ теренот без употреба на раце и поминување низ мал камен обрач. Се верува дека играта имала важна религиозна цел.

Градот веројатно исчезнал помеѓу 800 и 1000 година, судејќи според пронајдените материјали.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Мексико тврди дека има фотографија од митско суштество

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

Маск тврди дека пирамидите ги изградиле вонземјани, Египет реагира

А1он

Кефреновата пирамида повторно отворена за посетителите

Наум Локоски

Мистериите на пирамидите: Фантастичните градби не ги граделе робови?

Емир Латифовиќ