АНАЛИЗА: 140 милиони евра во рацете на пет министри-Албанци!

Од:

Едно до најмоќните министерства, кое располага со буџет поголем од 100 милиони евра останува во рацете на Алијанса за Албанците. Министерството за здравство, со кое ќе раководи кадар од албанскиот кампус, догодина за трошење ќе има околу 107 милиони евра.

Повеќе од 10 милиони евра ќе бидат во рацете на министрите Крешник Бектеши, во министерството за економија и Садула Дураку, за животна средина.

Portalb.mk направи анализа на расходите, односно трошењата во ресорите со кои менаџираат политичари од албанските партии што се дел од извршната власт.

Министерство за здравство

Министерството за здравство располага со еден од најголемите буџети, догодина вкупните расходи се проектирани на 107 милиони евра и во однос на годинашниот буџет, здравството ќе добие скоро 12 милиони евра повеќе. Најголем дел од парите догдоина или 33,5 милиони евра ќе завршат за финансирање на администрацијата, За плати на надомстеоци палнирани се 1,7 милиони евра. Од вкупните расходи, здравствена заштита и превениција ќе се потрошат 7,8 милиони евра.

Догодина, Министерството за здравство, преку развојната компонента, ќе располага со буџет од 30 милиони евра, со што овој износ во 2019 година треба да се зголеми на 34,3 милиони евра. Од основниот буџет, најголем дел од парите или 5,8 милиони евра ќе се трошат за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи додека за набавка на медицинска опрема се планирани 1,1 милион евра. Дополнително, во реконструкција и изградба на здравствени установи ќе се вложат 19,3 милиони евра – пари од заеми, од кои најголем дел ќе завршат за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип. За изградба на општата болница во Кичево одвоени се скоро 500 000 евра.

Министерство за правда Билен Саљији

Вкупниот буџет што ќе го има на располагање министерот за правда Билен Саљији догодина изнесува 5,1 милион евра. Како дел од ова министерството е и Инспекторатот за употреба на јазиците, орган со својство на правно лице кое врши инспекциски надзор над целосно и доследно спроведување на употребата на јазиците. Буџетот на овој инспекторат изнесува 120 000 евра.

Преку развојните потпрогарми, ова министерство догодина ќе потроши 325 000 евра, сите наменети за реформи во судството. Преку Управата за извршвање на санкции, односно за изградба, реконструкција и опремување на казнено-поправните установи и за реформи на казнено-поправните установи планирани се средства во висина од 5,3 милиони евра. За исплата на плати и надоместоци, ова министерство догодина ќе потроши 1,5 милиони евра.

Министерство за економија Крешник Бектеши

Во 2018 година, министерот за економија Крешник Бектеши ќе има на располагање

10,4 милиони евра, од кои 6,2 милиони ќе се одлеат преку ставката „администрација“. Во однос на годинашниот Буџет, расходите на Министерството за економија се зголемени за околу половина милион евра. Од вкупните пари за трошење догодина, 1 милион евра на министерството ќе завршат за развој на енергетиката, а 1,1 милион евра за поддршка на малите и средни бизниси и за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи.

Конкретно за поддршка на бизнисот, преку министерството терба да се вложат 630 000 евра, износ кој расте во 2019 и 2020 година. Преку Агенција за поддршка на претприемништвото, кој е под надлежност на Министерството за економија, ќе се потршат 533 000 евра.

Министерство за локална самоуправа Сухејл Фазлиу

Со буџетот за 2018 година, Министерството за локална самоуправа раполага со средства од 7,2 милиони евра што е скоро иста сума како и годинашната.

Под овој ресор е изградбата на проектот плоштад „Скендер Бег“ за што догодина ќе се потрошат 2 000 000 евра, пари со кои треба да финишира оваа изградба, со оглед на тоа што Владата во следните две години, 2019 и 2020 воошто не проектирала одвојување на средства.

Позначајна сума од развојната компонента на ова министерството, во износ од 3,4 милиони евра е одвоена за рамномерен регионален развој.

Министерство за животна средина Садула Дураку

Вкупните средства со кои ќе располага министерот Садула Дураку во 2018 година изнесуваат 10,6 милиони евра. Во ова министерство има позначајно зголемување на средствата за трошење во однос на годинава за околу 2 милиони евра. Од вкупните расходи догодина, околу 730 000 евра ќе се трошат за администрација. За исплата на плати и надоместоци се планирани 1,6 милиони евра.

Пет милиони евра од вкупниот буџет терба да завршат за заштита на животната средина, ставка во која спаѓаат: инвестиции во животна средина во износ од 3,1 милион евра, потоа изградба на канализациони мрежи и одводни канали, чистење на депонии и вложувања во Дојранско езеро. Конкретно за чистење на депонии планирани се 200 000 евра. Преку развојните програми, вкупната сума што ја има на располагање ова министерство изнесува 930 000 евра.

Секретаријат за европски прашања Бујар Османи

Бујар Османи од ДУИ, кој е на чело на Секретарјатот за еврпски прашања, догодина ќе располага со буџет од 1,71 милион евра. Секретаријатот има 102 вработени. Преку развојните потпрограми, околу 11 500 евра се наменети за помош при транзиција и институционална надградба, во што се наведени две ставки – за патни и дневни трошци во висина од 5 000 евра и за договорни услуги износ од 6 500 евра.

За дипломатски и конзуларни претставништва планирани се средства во износ од 216 000 евра а за зајакнување и развој на процесот на европската интеграција догодина се одвоени 50 000 евра. Најголем дел од раходите, или 874 000 евра ќе завршат за исплата на плати и надоместоци, а за патни и дневни трошоци планирана е сума од околу 123 000 евра.

Догодина, вкупниот Буџет изнесува 3,4 милијарди евра, и овој буџет е најголем досега. Владата планира намалување на буџетскиот дефицит, и предвиде кратења во ставката „стоки и услуги“.

Сепак, министерствата добија повеќе пари во однос на годинава со кои треба да се алиментираат зголемувањата на плати во одредени сектори но и да се реализираат најавените капитални инвестиции, дел како продолжение на сегашните а еден дел како нови проекти.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6