Аквадуктот, Мустафа паша џамија, муралот на Борко Лазески, само некои од вистинските споменици оставени да пропаднат

Од:

Министерството за култура реагира на „вандализмот“ на протестите кога беше фрлена боја врз „новопечените споменици”, како што ги нарекуваат, односно врз објектите од „Скопје 2014“, истовремено вистинското културно наследство се распаѓа.

kale-unistuvanje1

Покрај се уште постоечката закана дека ГТЦ како главно архитектонско обележје на модерно Скопје ќе се преоблече во „барок“, само во Скопје може да се набројат неколку споменици кои се препуштени на распаѓање: аквадуктот кој датира од римско време и чии што столбови се толку поткопани, што секој момент може да се урне, Мустафа паша џамијата, уништувањето на остатоци од праисторијата на Кале, Султан Мурат џамијата, во пожар во Пошта се уништи муралот на Борко Лазески, без никој да понесе одговорност.

Кустоси пишуваа за лошите услови во кои се чува културното наследство во Музејот на Македонија, каде кога врне, се поплавува депото, а во слични услови се чува и кулурното богатство во останатите музеи, каде вредни слики и предмети се изложени на влага и лоши услови.

Како одговор на протестите на граѓаните против барокната фасада на ГТЦ и на зградата на владата, минатата година во март, за споменици на кулурата беа прогласени Куќата на Мајка Тереза, Триумфалната порта, Музејот на македонска борба и уште неколку други објекти, дел од „Скопје 2014“.

И непроценливо вредните фрески, стари 9 векови како оние во Курбиново, потоа црквата на Перивлепта, која се реновираше со пари од странски донации, пропаѓа и Теќе Тетово, а овој список постојано се проширува.

A.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ