Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Од:

Во целост ги отфрлам сите невистинити и паушални обвинувања од страна на ДКСК како тенденциозни и неосновани. Станува збор за наоди кои се невистинити, наоди извадени од контекст или наоди кои се однесуваат на време во кое јас воопшто не сум бил директор на Агенцијата за филм вели преку соопштение директорот на Агенцијата за фил Бојан Лазаревски реагирајќи на наводите на Антикорупциската комисија за неговто работење.

– Последното вработување во Агенцијата за филм на РСМ е во 2017 година, кога директор на Агенцијата било друго лице. За 2021 и 2022 се поднесени барања за вработување во Агенцијата и за истите Агенцијата добила негативен одговор.
Дополнително, исплата и склучување договор за изработка на стратегија за филм е потпишано и исплатено во 2018 година од страна на претходниот директор. Јас како сегашен директор никогаш не сум бил директор на друга Јавна установа за да може да се тврди дека сум вработувал свои блиски роднини во таквите јавни установи. Како човек и функционер, не можам да разберам дека претседателката на органот кој треба да се занимава со спречување на корупцијата, изнесува тврдења базирани на конструкции и невистини. Соработката и финансирањето на здруженијата од областа на филмската дејност се во согласно одредбите од Законот за филмска дејност, и забелешките и препораките по однос на ова прашање во Извештајот на ДЗР не ја доведуваа во прашање ваквата законитост и постапување на Агенцијата за филм.Несериозно и тенденциозно е коментирањето на извештај на ДЗР и вадење од контекст на препораки дадени во истиот извештај во услови кога Агенцијата за филм во целост постапила по препораките дадени од ДЗР, и тоа во Законски предвидениот рок од 90 дена, и за кое нешто е известена и ДЗР и Владата на РСМ. Веќе подолго време органите на управување и овластениот застапник, и институцијата стојат понастрана од јавноста, оставајќи им на институциите на системот да ја вршат непречено својата работа. Но, по ваквите обвинувања, мора да се постават прашања: Зошто ДКСК не започнува да процесуира ниту една претставка поврзана со Банана Филм, Сенка Филм и Милчо Манчевски иако претседателот на ДКСК јавно вети дека ќе се занимава со корупција во висина од 950.000 евра? Дали на тоа се должи оваа хајка против мене? Во интерес на јавноста сакам да информираме дека наспроти замајувањето на јавноста од страна на Манчевски, Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Агенцијата за филм, како основана. Со ова е јасно дека во случаите на продукцијата на Манчевски постојат незаконитости и тоа не може да се сокрие и е потребно е потврдување на овие незаконитости од страна на институции и овластениот гонител во РСМ.
Несериозно и неетичко е ваквото дискредитирање на Агенцијата за филм и нејзината работа од страна на ДКСК во момент кога филмската дејност со помош на работата на Агенцијата за филм на домашно и меѓународно ниво има најголеми достигнувања до сега. Веруваме во институциите и во почитување на законите кои важат во нашата земја. Истите закони треба да важат за сите, без разлика дали некој бил филмска ѕвезда или не, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот