Администрацијата да функционира и во услови на чести изборни циклуси, бара бизнис заедницата

Од:

И во услови на чести изборни циклуси, основно барање на деловната заедница е да се испорачуваат навремени услуги од страна на администрацијата за да не се блокираат работните процеси на компаниите, вели во интервју за МИА претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Според него, недобивањето одредена дозвола, лиценца или согласност од институциите може многу скапо да го чини бизнисот.

– На тој начин, не само што нема да стане збор за стабилност и одење чекор напред, туку ќе имаме назаден процес кој во одредени ситуации може да доведе и до блокирање на производството, неисполнување на договорените зделки со странските партнери и пропаѓање на бизнисите, истакнува Азески.

Во однос на бизнис климата во земјата, смета дека е најважно е да се создадат нормални услови на стопанисување. Особено е битно, додава, непречено владеење на правото.

Според Азески, обезбедувањето еднакви услови за домашните и странските инвеститори што е еден од приоритетите на Владата, ќе биде поттик и стимул за дополнителен развој на домашните компании, пред се на оние кои се извозно ориентирани.

Зголемување на производството, извозот и капиталните инвестиции, намалување на невработеноста, унапредување на инфраструктурата, одржување на макроекономската стабилност, како и поголема регионална економска соработка, треба да бидат стратегиски цели на македонската економија, порачува Азески во интервјуто за МИА.

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува