Адеми-Адерхолт: Местото на Македонија е во НАТО и ЕУ

Од:

Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, во Вашингтон се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт, член на групата на конгресмени за поддршка на Република Македонија.

Адеми, соопшти неговиот кабинет, го запозна конгресменот Адерхолт со неговата работа во областа на дијаспората, и работата на Владата на Република Македонија во целина во изминативе десетина месеци. Исто така, ја истакна посветеноста на Владата за продолжување на реформските процеси со цел влез на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Посветеноста на оваа Влада во реформските процеси е препознаена и од страна на Европската Комисија во последниот извештај, кој резултираше со доделување на чиста препорака за влез на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, истакна Адеми.

Конгресменот Адерхолт изрази задоволство од силните заложби на Владата на Република Македонија за исполнување на реформската агенда и потврди дека местото на земјата е во НАТО и Европската Унија. Двајцата соговорници констатираа дека Вашингтон треба да биде главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската повелба, како и целосно интегрирање во НАТО и ЕУ.

Во таа насока, од македонска страна е побарана експлицитна и силна поддршка за добивање покана за полноправно членство во НАТО на следниот Самит во Брисел, во рамките на воспоставеното стратешко партнерство меѓу САД и Република Македонија.

Со средбите во Конгресот, министерот Адеми ја заокружи работната посета на САД.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов