Свет

Германската десничарска политичарка Петри обвинета за кривоклетство

Германската десничарска политичарка Петри обвинета за кривоклетство

Парламентарниот комитет во источниот дел на Германија, побара на Фрауке Петри, еден од лидерите на крајно-десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), да и се одземе имунитетот кој ја штити од обвинување, затоа што има извршено акт на кривоклетство. Ваквата одлука на Комитетот доаѓа на нешто повеќе од еден месец пред одржувањето на германските парламентарни избори. […]

Во Барселона минута молк за жртвите од терористичкиот напад

Во Барселона минута молк за жртвите од терористичкиот напад

Илјадници луѓе денеска присуствуваа на главниот плоштад во Барселона, каде со минута молчење им се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад. Меѓу насобраниот народ беше и шпанскиот крал Филип Шести и премиерот на Каталонија, Карлос Пучдемон. По минутата молк уследи аплауз и луѓето почнаа да викаат „Не се плашам!“. Во вчерашниот напад со комбе […]

Тревога на јужноафриканската граница за сопругата на Роберт Мугабе

Тревога на јужноафриканската граница за сопругата на Роберт Мугабе

Јужноафриканската полиција прогласи „тревога на границата“ за Грејси Мугабе, сопруга на претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе. Во Јужна Африка, таа е обинета за насилство и затоа што во хотел во Јоханесбург, претепала една Јужноафриканка, нанесувајќи и повреди на главата. Во вторникот, Грејси Мугабе (52) требаше да се јави во суд за сослушување, но таа не […]

Германските политичари времено ја прекинуваат кампањата поради нападите во Шпанија

Германските политичари времено ја прекинуваат кампањата поради нападите во Шпанија

Германските политичари одлучија да ја прекинат денеска предизборната кампања поради нападите во Барселона, и во летувалиштето Камбрилс. Мартин Шулц, кандидат за канцелар на германските социјалдемократи и главен соперник на Ангела Меркел, изјави дека разговарал со неа и двајцата се согласиле времено да ја прекинат кампањата. Тие го прават тоа во знак на солидарност со луѓето, […]

Осумчлена терористичка ќелија инволвирана во нападите во Каталонија

Осумчлена терористичка ќелија инволвирана во нападите во Каталонија

Шпанските власти претпоставуваат дека осумчлена терористичка ќелија е можниот извршител на вчерашните напади во Каталонија и дека групата планирала да употреби шишиња со пропан бутан, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извор од истрагата. Претставникот на каталонската Влада, Жоаким Форн, за локалното радио изјави дека напаѓачите во вчерашните напади можно е да планирале да употребат […]

Уште шест австралиски политичари се соочуваат со оставки поради двојно државјанство

Уште шест австралиски политичари се соочуваат со оставки поради двојно државјанство

Шестмина пратеници на австралискиот Парламент и функционери во владата и во неколку парламентарни партии, се соочуваат со заканата да поднесат оставки и да ја напуштат политиката, затоа што се откри дека имаат двојно државјанство. Според законите на Австралија, дозволено е двојно државјанство, но за луге кои не се во политиката и немаат никаква јавна или […]

Во поплавите во Сиера Леоне загинаа над 400 луѓе

Во поплавите во Сиера Леоне загинаа над 400 луѓе

Повеќе од 400 луѓе загинаа, а 600 се водат како исчезнати во поплавите во Сиера Леоне, соопшти денеска Црвениот крст. – Денеска броиме повеќе од 400 загинати, изјави во Женева претседателот на здружението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ал Си. Досега се пронајдени 409 безживотни тела, а населението и понатаму […]

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс, биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио. Веста е потврдена од експерти за деминирање експлозиви. Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне. Полицијата ги ликвидира терористите. Во нападот […]

Хронологија: Најголемите терористички напади во последните неколку години во Европа

Хронологија: Најголемите терористички напади во последните неколку години во Европа

Во вчерашниот атентат во Барселона загинаа 13 лица, а повредени се неколку десетици други. Сличен напад во текот на ноќта имаше и во туристичкиот град Камбрилс, во Каталонија. Таму беа повредени шест лица, а ликвидирани беа петмината осомничени терористи. Во врска со двата напада, американските медиуми потсетуваат на некои од најголемите атентати во Европа, извршени […]

Трамп со нов твит го згрози светот

Трамп со нов твит го згрози светот

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди терористичкиот напад што Исламската држава синоќа го изврши во Барселона. – Бидете цврсти и силни, ве сакаме, им порача на граѓаните на шпанскиот град. Трамп потоа објави уште еден твит во кој е наведено: „Проучете што американскиот генерал Першинг им правеше на терористите кога ќе ги фатеше. Триесет и […]

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Атлантикот

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Атлантикот

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Атлантикот, во подрачјето околу 790 километри северно од островот Асенсион, соопшти американскиот Геолошки институт. Непосредно по земјотресот, пацифичкиот центар за предупредувањее на опасност од цунами не дал предупредување. Земјотресот е лоциран на длабочина од околу 19 километри.