Свет

Австралија и Нов Зеланд ја одбележуваат годишнина од битката кај Галиполе

Австралија и Нов Зеланд ја одбележуваат годишнина од битката кај Галиполе

Стотици илјади Австралијци и Новозеланѓани присуствуваа денеска на церемонијата на Австралиско-новозеландскиот корпус, кој учествувал во Првата светска војна, со која се одбележува годишнина од битката кај Галиполе и им оддадоа почит на војниците во Ирак и Авганистан. Денот на Австралиско-новозеландскиот корпус се одбележува на 25 април во Австралија и Нов Зеланд и е главен национален […]

Двајца мртви и двајца повредени на словенечки брод во САД

Двајца мртви и двајца повредени на словенечки брод во САД

Двајца морнарни загинаа, а двајца се здобија со тешки изгореници и префрлени се во болница во САД по експлозијата која се случи на бродот Тамар, во сопственост на словенечкиот бродосопственик Сплошна Пловба. Експлозијата, по која следуваше пожар на бродот, регистрирана на Маршалските острови се случи вчера, потврди денеска директорот на Сплошна Пловба, Егон Бандељ. Според […]

Бројот на починати од морбили во Романија достигна 23 жртви

Бројот на починати од морбили во Романија достигна 23 жртви

Петмесечно бебе е последната жртва на епидемијата од морбили во Романија. Тоа починало во Инфективната болница во градот Темишвар, со што смртниот биланс во оваа земја се искачи на 23 жртви, јави Аџерпрес. Починатото девојче не било вакцинирано, зашто не ја достигнало соодветната возраст. Регистрираните случаи на заболени од морбили во Романија од септември 2016 […]

Британската Иранка останува во затвор во Техеран осудена за „заговор“ против владата

Британската Иранка останува во затвор во Техеран осудена за „заговор“ против владата

Британката Назанин Захари-Ратклиф (38) која е мажена за Британец и има британско државјанство, ја загуби и последната можност да биде ослободена од затвор, откако Врховниот суд на Иран ја одби нејзината жалба на контроверзната пресуда. Тоа значи дека таа ќе остане во затвор во Техеран, се до евентуалната одлука за помилување или за протерување Захари-Ратклиф […]

Кракер: Да се забранат предвремените парламентарни избори

Кракер: Да се забранат предвремените парламентарни избори

Претседателката на австрискиот Суд за ревизија Маргит Кракер бара воведување забрана за предвремени парламентарни избори. Таа во интервју за австрискиот весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека во иднина мандатот на Владата и на пратениците на сојузно ниво треба да се фиксираат на четири години. Само претседателот на Австрија, според неа, во вонредни случаи би требало да […]

Турција бомбардирала курдски позиции во Ирак и Сирија

Турција бомбардирала курдски позиции во Ирак и Сирија

Турските воени авиони рано изутринава бомбардираа курдски позиции во Ирак и Сирија и во нападите има жртви, соопшти турската војска. Во соопштението се вели дека бомбардираните цели се наоѓаат во подрачјето на планината Синџар во северен Ирак, како и во планинските области на североисточна Сирија. Турската војска нагласува дека тие напади ги извршила за да […]

Најмалку 10 загинати во експлозија во близина на пакистанско-авганистанската граница

Најмалку 10 загинати во експлозија во близина на пакистанско-авганистанската граница

Најмалку 10 лица денеска загинааа во експлозија на мина поставена крај пат во северозападен Пакистан, во непосредна близина на авганистанската граница. – Десет лица загинаа, вклучувајќи и една жена и едно дете, изјави Шахид Али Кан, претставник на локалните власти. Како што прецизираат британските медиуми, мината експлодирала откако била активирана со далечински управувач.

Најмалку 27 загинати во судар меѓу камион и автобус во Кенија

Најмалку 27 загинати во судар меѓу камион и автобус во Кенија

Најмалку 27 лица загинаа во судар меѓу патнички автобус и камион во Кенија, соопшти полицијата. Како што се наведува, до несреќата дошло на главната сообраќајница во земјата, која ги поврзува двата најголеми града – престолнината Најроби и пристаништето Момбаса. Американските медиуми наведуваат дека во сообраќајни несреќи во Кенија годишно страдаат околу 3.000 лица.

Ле Пен ја напушти претседателската функција во партијата Национален фронт

Ле Пен ја напушти претседателската функција во партијата Национален фронт

Претседателскиот кандидат на крајната француска десница, Марин Ле Пен соопшти дека се повлекува од лидерската функција на десничарскиот Национален Фронт. Нејзината одлука доаѓа само еден ден по соопштувањето на резултатите од првиот круг на изборите за нов претседател на Франција, според кои, Ле Пен останува во трката за Елисејската Палата во вториот изборен круг, заедно […]

Камерун: Француски дописник осуден на 10-годишна затворска казна

Камерун: Француски дописник осуден на 10-годишна затворска казна

Камерунскиот воен суд го осуди дописник на Меѓународното радио на Франција „Хауса“ Ахмед Абу на 10 години затвор и казна од 90.000 долари, бидејќи не пријавил „терористички дела и перење пари од терористички дела“. Абу е упасен во северниот дел на Камерун во јули 2015 години, додека ја истражувал екстремистичката организација Боко харам. Тој го […]

Гутереш: Принудното реселување цивили може да биде воено злосторство

Гутереш: Принудното реселување цивили може да биде воено злосторство

Принудното раселување цивили во Сирија може да претставува воено злосторство, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во момент кога се случува една од најголемите евакуации за време на шестгодишната граѓанска војна во таа земја. Гутереш во извештајот на Советот за безбедност на ОН потсети дека Светската организација повеќе пати изразила загриженост поради […]