Фудбал

Демант од Баерн за договор со Левандовски

Демант од Баерн за договор со Левандовски

Новиот германски шампион Баерн Минхен денеска ги демантираше пишувањата на медиумите во оваа земја за евентуален договор со напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски. – Немаме потпишано никаков договор со Левандовски. Сите пишувања за некаква постигната согласност меѓу клубот и играчот околу негов двегодишен ангажман се невистини, стои во соопштението од Баерн. Германските медиуми веќе […]

Вилаш-Боаш нема намера да го напушти Тотенхем

Вилаш-Боаш нема намера да го напушти Тотенхем

Менаџерот на премиерлигашот Тотенхем Вилаш-Боаш изјави дека не планира да го напушти клубот и дека не размислува за трансфер и покрај пишувањата на шпанските медиуми дека тој ќе биде наследникот на Мурињо на клупата на Реал Мадрид. – Не размислувам за работа во друг клуб. Во Лондон имам одлични услови за работа и задоволен сум […]

Челзи и Фенербахче со предност по првите полуфиналиња во Лига Европа

Челзи и Фенербахче со предност по првите полуфиналиња во Лига Европа

Екипите на Челзи и на Фенербахче остварија минимална предност од еден гол по првите полуфинални натпревари во фудбалската Лига Европа. Челзи со 2:1 синоќа победи на гостувањето кај Базел со голот на Давид Луиз во судиското надополнување. Пред тоа „сините“ од Лондон поведоа во 12 минута преку Виктор Мозес, а швајцарскиот претставник изедначи во 87 […]

Рајо Ваљекано и Осасуна на отворањето на 33. коло во Примера

Рајо Ваљекано и Осасуна на отворањето на 33. коло во Примера

Со натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Осасуна што се игра вечерва од 21 часот стартува 33. коло од Примера. И двете екипи се во лоша серија на резултати и имаат освоено само четири бодови од можните 15 во последните пет кола. Утре се игра дербито на колото и на Мадрид, Атлетико го пречекува Реал. Покрај дуел на […]

(ВИДЕО) Челзи и Фенербахче со гол предност пред реваншите

(ВИДЕО) Челзи и Фенербахче со гол предност пред реваншите

Аргентинецот Давид Луиз е јунакот на Челзи на гостувањето кај Базел во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа. Луиз со прекрасен гол од слободен удар му донесе победа на својот тим од 2:1, а со тоа и предност пред реванш натпреварот кој на 2 мај ќе се игра на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон. Голот на […]

Виланова и следната сезона на кормилото на Барса

Виланова и следната сезона на кормилото на Барса

Потпретседателот на Барса, Жозеп Марија Бартомеу соопшти дека Тито Виланова сигурно останува на тренерската позиција на Каталонците и следната сезона. – Тито ќе ја предводи Барса и следната година. Тој не само што има договор со нас, туку ние имаме голема верба во него. Тој без разлика на тешкиот период кој го пребродува на здравствен […]

Касиљас, Рамос и уште 13 други фудбалери бараат Мурињо да го напушти Реал

Касиљас, Рамос и уште 13 други фудбалери бараат Мурињо да го напушти Реал

Во анкетата која претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја спровел меѓу фудбалерите на „кралскиот клуб“, дури 15 од нив се изјасниле дека сакаат тренерот Жозе Мурињо да го напушти клубот. Според шпанските медиуми двајца од 15.те „противници“ на Мурињо сигурно се Икер Касиљас и Серхио Рамос. Неволјата за Перез е уште поголема, поради изјавите […]

Торес останува во Челзи

Торес останува во Челзи

Шпанскиот фудбалски интернационалец Фернандо Торес кој за 50 милиони фунти беше донесен на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон ги демантира шпекулациите дека ќе си замине од Челзи. Торес не ги исполни очекувањата на раководните луѓе во клубот а неговата форма одеше во надолна линија, меѓутоа со доаѓањето на тренерот Рафаел Бенитез полека се враќа во препознатливиот […]

Лига Европа: Бенфика гостува во Истанбул

Лига Европа: Бенфика гостува во Истанбул

Португалската екипа Бенфика вечерва ќе го има можеби најтешкото гостување во последните сезони во евро-куповите. Бенфика гостува кај Фенербахче во првото полуфинале од Лига Европа. Пред 38 години овие два тима одиграа натпревари во Купот на шампионите и Бенфика победи со 7:0 што е еден од најубедливите триумфи во европските купови. Во Фенербахче се подготвени […]

Левандовски: Ништо не е готово

Левандовски: Ништо не е готово

Пресреќен сум поради четирите голови, но да почекаме да влеземе во финалето па потоа да се радуваме. Се уште не може да се каже дека работата е завршена. Сепак за противник го имаме Реал Мадрид кого не можеме да го отпишеме пред реваншот, иако имаме одличен резултат. Тие одиграа добро прво полувреме, а ние второ, […]

На повидок германско финале во ЛШ, Мурињо го призна поразот

На повидок германско финале во ЛШ, Мурињо го призна поразот

Во фудбалската Лига на шампиони се наѕира германско финале, откако синоќа Борусија Дортмунд на свој терен го победи Реал Мадрид со 4:1 и оствари значајна предност пред реваншот во Шпанија. Сите четири голови за германскиот претставник ги постигна Роберт Левандовски (8, 50, 55 и 66.минута), додека единствениот погодок за Реал беше дело на Кристијано Роналдо […]