Регион

Турција да ја замени Грција во еврозоната

Турција да ја замени Грција во еврозоната

Американскиот весник „Волстрит журнал“ предлага доколку Грција излезе од еврозоната нејзиното место да го заземе Турција. Теоретски оваа идеја е мошне привлечна и остварлива затоа што Грција не и оди во прилог на кризата во Европа, а и Европската унија има потреба од раст, се вели во натписот. „Грција не се движи во добра насока […]

Протести во Црна Гора

Протести во Црна Гора

Во Подгорица ќе се одржи нов протест поради тешката ситуација во која се наоѓа Црна Гора. Протестот е петти по ред оваа година. Организаторите бараат оставка од Премиерот Игор Лукшиќ, поради проблемите со кои нивната земја се соочува. Според нив, тој не е способен да се справи со корупцијата и организираниот криминал.  

Дачиќ: Социјалистите не го кочат создавањето нова Влада

Дачиќ: Социјалистите не го кочат создавањето нова Влада

Лидерот на социјалистичката партија, Ивица Дачиќ тврди дека дел од западните сили сакаат новата влада да биде формирана од Демократската партија на Тадиќ и Српската напредна партија на Николиќ. Според него, Србија е далеку од формирање Влада и погрешен е впечатокот дека за тоа се чека одлука од Социјалистичката партија. Сепак, Дачиќ тврди дека социјалистите […]

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес во Бугарија

Уште еден земјотрес од 4,3 степени по Рихтер ја затресе Бугаријa. Епицентарот е во местото Перник, а земјотресот околу полноќ, беше почувствуван и во Македонија. Пред два дена во Бугарија имаше уште посилен земјотрес со јачина ос 5,8 степени по Рихтер.

Масоните се собираат во Белград

Масоните се собираат во Белград

Масоните од сите европски ложи доаѓаат во Белград, а некои медиуми тоа го поврзуваат со СНС. Според медиумите, највлијателните функционери и финасиери на СНС во масонеријата е позната, па состанокот се доведува во врска со победата на Томислав Николиќ на претседателските избори. Конференцијата на Обединетите Големи ложи на Европа ја организира Големата национална ложа на […]

Грција нема да остане со празни раце ако замине од ЕУ

Грција нема да остане со празни раце ако замине од ЕУ

Ако Грција одлучи да ја напушти еврозоната, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ќе и дадат бонус во висина од 50 милијарди евра за олеснување на нејзиното излегување од монетарната Унија. Ваков договор за доделување бонус на Грцијај бил постигнат меѓу земјите-членки во понеделникот. Централна банка создала кризна група, која ќе управува подготовките и со […]

Косовските граѓани незадоволни од Владата

Косовските граѓани незадоволни од Владата

Косовските граѓани стануваат се понезадоволни од работата на јавните институции, покажало истражувањето на УНДП. Испитувањето на јавното мислење покажува дека дури 72 проценти се незадоволни од политиката што ја води Косово, наспроти 59 проценти, во ноември, минатата година. 79 отсто се незадоволни од економската политика , додека над 80 проценти од граѓаните сметаат дека токму […]

„Златна Зора“ се судри со полицијата

„Златна Зора“ се судри со полицијата

Неколку стотини жители на грчкиот град Патра и членови на неонацистичката партија „Златна зора“ синоќа се судрија со полицијата по протестите во близина на напуштена текстилна фабрика, каде живеат стотици имигранти. Десетт полицајци се ранети, а неколку автомобили уништени кога приврзаниците на крајната десница ги нападнаа имигрантите откако локален жител беше убиен од Авганистанец. Властите […]

Дачиќ сепак се видел со Николиќ

Дачиќ сепак се видел со Николиќ

„Нашиот договор подразбираше Тадиќ да победи на изборите. Сега имаме нова реалност и коалиција со СНС не е невозможна работа, но ќе продолжиме со разговори и со демократите“. Ова е изјавата што ја пренесуваат српските медиуми а која лидерот на Социјалистите ја дал за весникот „Данас“. Според српските медиуми се е поизвесно дека после победата, […]

Чедоморство во Србија

Чедоморство во Србија

Утрово во Земун 26-годишна мајка со нож го избодела во градите тримесечниот син. Бебето на лице место починало, полицијата веднаш ја привела мајката одредувајќи и 48 часовен притвор. Мотивите за оваа голема семејна трагедија сеуште не се познати.  

ЕК препорача отворање на преговори со Црна Гора

ЕК препорача отворање на преговори со Црна Гора

Европската комисија го усвои пролетниот извештај во чии заклучоци препорачува отворање на претпристапни преговори со Црна Гора, пренесе црногорската национална телевизија. Во извештајот се констатира дека официјална Подгорица добро работела на исполнувањето на критериумите, што и биле зададени за започнување на преговорите со Европската унија. Црна Гора напредувала во областа на владеењето на правото, вклучително […]