ЕУРО 2012: 15 повредени, 180 приведени

Од:

Полската полиција во текот на целата вечер интервенирала со солзавец и водени топови околу Народниот стадион во центарот на Варшава, растерувајќи ги хулиганите.

Навивачите на Полска и Русија дивееле, пред, за времетрањетето и по завршувањето на меѓусебниот дуел (1:1). Според последните извештаи повредени се 15, а приведени околу 180 лица.

Покрај навивачите повредени се и десет полицајци.

„Не паметам кога сме уапсиле толку луѓе и кога последен пат сме морале да интервенираме на таков начин“, рече портпаролот на варшавската полиција, Крачињски.

Најголемите нереди избиле пред натпреварот, кога поголемиот дел на руски навивачи, околу пет илјади, со силно полициско обезбедување поминале низ центарот на Варшава до Народниот стадион.

Кога почнал натпревраот полските хулигани се обиделе да продрат во навивачката зона, каде имало околу 60 илјади навивачи, Полјаци, Руси и странци кои немале карти за натпреварот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска