Култура

Стота изведба на претставата „Госпоѓа Министерка“ во МНТ

Стота изведба на претставата „Госпоѓа Министерка“ во МНТ

Претставата „Ѓоспоѓа Министерка“ в недела ќе ја има стотата изведба на сцената на Македонскиот народен театар. Од нејзината претпремиера на 27 март во 2009 година, досега претставата ја гледале 35.000 вљубеници во театарот. Јелена Лужина осврнувајќи се на историјатот на претставата потсети дека првата „Госпоѓа Министерка“ на сцената на МНТ ја донесе актерката Мери Бошкова, со само 29 […]

Промовиран првиот роман на Веле Смилевски „Полицајка в кревет“

Промовиран првиот роман на Веле Смилевски „Полицајка в кревет“

„Полицајка в кревет“, првиот роман на писателот Веле Смилевски,  беше промовиран денеска во Клубот Матица во Скопје. Овој роман е во издание на „Дијалог“ од Скопје, и на 250 страници донесува потресна приказна за балканската крстосница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови. Главниот лик, младата полицајка Ема Ендековска, е вклучена […]

Центарот за култура-Битола домаќин на меѓународна работилница

Центарот за култура-Битола домаќин на меѓународна работилница

НУ Центар за култура-Битола од денеска до сабота ќе биде домаќин на две јавни дискусии и работилница под наслов „Сеќавање на еден град“ и „Сенчење на градот, урбана меморија, хипертекст“ на кои ќе учествуваат истакнати уметници од Македонија и Хрватска. На првата јавна дискусија што ќе се одржи вечер главна тема се Битола, Вагнер и […]

Отворена постојаната поставка во Музејот на Старата скопска чаршија

Отворена постојаната поставка во Музејот на Старата скопска чаршија

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ја отворија постојаната поставка во Музејот на Старата скопска чаршија, депанданс на Музејот на Град Скопје, сместен во просториите на Сули Ан. Музејот на Старата скопска чаршија е сместен на 473 метри квадратни, од кои 355 метри се изложбен простор. Изложени […]

Изложба и филм по повод педесет години од Елисејскиот договор

Изложба и филм по повод педесет години од Елисејскиот договор

Во рамки на одбележувањето на педесетгодишнината од склучувањето на Елисејскиот договор вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена изложбата „Де Гол – Аденауер – градителите на германско-француското пријателство, а потоа ќе биде прикажан филмот „Среќна нова година“. На 15 февруари, пак, ќе се одржи заедничка дискусија на амбасадорките на Германија и на Франција на тема „Дали германско-француското помирување може да […]

Отворање на постојаната поставка во Музејот на Старата скопска чаршија

Отворање на постојаната поставка во Музејот на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ќе ја отвори постојаната поставка во Музејот на Старата скопска чаршија, сместен во просториите на Сули Ан. Постојаната музејска поставка има за цел да ја претстави историјата на чаршијата и вредностите кои произлегле од неа, од 11 -12 век до денес. Археолошкиот дел ги презентира предметите добиени со археолошките […]

Конзерваторите ќе ја утврдуваат штетата на муралот на Лазовски

Конзерваторите ќе ја утврдуваат штетата на муралот на Лазовски

Министерството за култура ќе  информира за мерките што ќе ги преземе за обнова на муралот на Борко Лазовски во опожарената Македонска пошта откако стручен тим на Конзерваторскиот центар – Скопје ќе изврши увид и ќе ја утврди  состојбата на уметничкото дело. – Деновиве во зградата на Македонска пошта се врши увид од страна на истражните органи […]

Почна 13. Саем на книга во „Матица“

Почна 13. Саем на книга во „Матица“

Во книжарницата на „Матица“ денеска почна 13. саем  „Книга во секој дом“, на кој се понудени изданија од различни области од домашни и светски автори, книги за деца и енциклопедии. На продажба се со попуст од 10 до 80 отсто, а просечната цена за книга е 120 денари. Во понудата се и комплети од три книги за 350 денари. […]

Голем попуст на книгите во „Матица“

Голем попуст на книгите во „Матица“

Издавачката куќа „Матица“ денеска го почнува 13. Саем на книгата „Книга во секој дом“ кој се одржува во  книжарницата. И годинава во понудата се изданија од различни области од домашни и светски автори, книги за деца и енциклопедии, со попуст од 10 до 80 отсто. „Нашата девиза е дека културата се создава, а традицијата се негува […]

Постојана поставка за Старата скопска чаршија

Постојана поставка за Старата скопска чаршија

 Во Музејот на Стара скопска чаршија, депанданс на Музеј на град Скопје и сместен во Сули-ан, задутре ќе биде отворена постојана поставка на која ќе биде претставена историјата на Старата скопска чаршија и вредностите кои произлегле од неа, од 11-12 век до денес. Поставката опфаќа археолошкиот дел – во кој ќе бидат презентирани предмети откриени со археолошките истражувања […]

„Клуб Матица“ од утре го почнува саемот „Книга во секој дом“

„Клуб Матица“ од утре го почнува саемот „Книга во секој дом“

Издавачката куќа „Матица“ утре го почнува 13. Саем на книгата „Книга во секој дом“ кој се одржува во нејзината книжарница. И годинава во понудата се изданија од различни области од домашни и светски автори, книги за деца и енциклопедии, со попуст од 10 до 80 отсто. – Нашата девиза е дека културата се создава, а традицијата […]