Култура

Наградата „Балтон“ на ДЛУМ за Душан Георгиевски

Наградата „Балтон“ на ДЛУМ за Душан Георгиевски

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од оваа година на Ревијалната годишна изложба ја воведе наградата од публика насловена „Никола Иванов-Балтон“. Нововостановената награда прв ќе ја добие авторот Душан Георгиевски. – За ова признание одлучи публиката преку 30-дневно гласање по електронски пат и во канцеларијата на ДЛУМ. Уметничкиот совет на ДЛУМ согласно сите прегледани гласови […]

Македонски писатели учествуваат на саемот на книга во Лајпциг

Македонски писатели учествуваат на саемот на книга во Лајпциг

Ермис Лафазановски, Јовица Ивановски и Ким Мехмети  учествуваат на Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг. И годинашното учество на македонски писатели на оваа книжевна манифестација во Германија го организира издавачката куќа „Готен“, во рамки на нејзината повеќегодишна соработка со лајпцишкиот саем и со мрежата „Традуки“. Писателите  Лафазановски, Ивановски и Мехмети се избрани да учествуваат затоа што […]

Објавени раскази од естонската писателка Кристина Ехин

Објавени раскази од естонската писателка Кристина Ехин

Издавачот ПНВ Публикации ја објави збирката раскази „Ќерката на надреалистот“, што е прв превод на македонски јазик од естонската поетеса и прозаист Кристиина Ехин. Авторка на преводот е Јулијана Величковска. Издавачот соопшти дека делото на Ехин е „подеднакво современо и древно, естонско, но и светско, женско, но и човечко“. Во расказите таа пишува за врските […]

Изложба на Киро Урдин во Музејот на Град Скопје

Изложба на Киро Урдин во Музејот на Град Скопје

Со отворањето на изложбата, мултимедијален  проект и инсталација „Франкофонија Планетариум“ на  познатиот уметник Киро Урдин вечер во Музејот на Град Скопје почнуваат мартовските Денови на франкофонијата „Франкофонска пролет“. Предвидено е изложбата да ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Франција во Македонија Лоренс Оер. Во Музејот на Град Скопје до 28 март […]

Виолинистот Валериј Соколов ќе настапи со Македонската филхармонија

Виолинистот Валериј Соколов ќе настапи со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи вториот концерт од циклусот „Лауреати“ под диригенската палка на Андреас Вајзер од Германија, а солист ќе биде еден од најистакнатите украински виолинисти, младиот Валериј Соколов. На програмата се Концертот за виолина и окрестар бр. 5 од Волфганг Амадеус Моцарт, Увертирата кон операта „Волшебната флејта“ исто така од Моцарт и Симфонијта […]

Крива Паланка годинава „Град на културата“

Крива Паланка годинава „Град на културата“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во локалната установа Музеј Крива Паланка ќе се обрати на свеченото отворање на десеттото по ред јубилејно издание на манифестацијата „Град на културата“. Отворањето на манифестацијата ќе биде проследено со повеќе културни содржини, меѓу кои е и свечената промоција на постојаната археолошка   поставка во Градскиот музеј, по што концерт […]

Овации за „Одисеј“ на Горан Стефановски во Виена

Овации за „Одисеј“ на Горан Стефановски во Виена

Претставата „Одисеј“ на Горан Стефановски вчера во Театарот Акцент во Виена беше изведена со режисерски иновации и актерска прецизност, што создаваше амбиент гледачите сами да одберат – дали гледаат театар или филм. Стефановски алудира на хомеровиот еп, но тој е само искористен за приказ на распаѓањето на поранешна татковина на авторот. Обидот на Одисеј да […]

Изложба на Киро Урдин во Музејот на Град Скопје

Изложба на Киро Урдин во Музејот на Град Скопје

Со отворањето на изложбата, мултимедијален  проект и инсталација „Франкофонија Планетариум“ на  познатиот уметник Киро Урдин утревечер во Музејот на Град Скопје почнуваат мартовските Денови на франкофонијата „Франкофонска пролет“. Предвидено е изложбата да ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Франција во Македонија Лоренс Оер. – Франкофонијата не е само една организација во […]

Отворен мултимедијален центар во Кратово

Отворен мултимедијален центар во Кратово

Некогашното кино во Кратово, кое во изминатите 20-ина години беше затворено и руинирано, денеска беше свечено отворено, во нов лик и со нова функција – мултимедијален центар, кој ќе биде место на разновидни културни случувања за околу 6.500 жители на градот. Обновата траеше две години, на иницијатива на кратовци, преку проектот Форуми на заедниците. Го […]

Пабло Неруда ќе биде ексхумиран

Пабло Неруда ќе биде ексхумиран

Судот во Сантјаго одлучи ексхумацијата на посмртните останки на прославениот чилеански поет Пабло Неруда да започне на 8 април. Според објаснувањето на судијата кој го води случајот, целта на ексхумацијата, по речиси 40 години од починувањето на поетот, е утврдување на причините за неговаа смрт. Неруда почина во Сантјаго во септември 1973 година, само 12 дена […]

„Прозорец кон италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

„Прозорец кон италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од утре до 19 март ќе се одржува 15. издание на Филмскиот фестивал „Прозорец кон италијанскиот филм“. Амбасадата на Италија во соработка со Кинотека на Македонија најавува шест филмови од поновата италијанска продукција кои ќе бидат прикажани секоја вечер со почеток во 20 часот и реприза во 22 часот. Меѓу проекциите ќе биде прикажан и филмот […]