Либија: Забраната за пристап на странски бродови до либиската зона за потрага и спасување е согласно меѓународните норми

Либија: Забраната за пристап на странски бродови до либиската зона за потрага и спасување е согласно меѓународните норми

Либиската военопоморска флота соопшти дека нејзината наредба странски бродови да не навлегуваат во зоната за потрага и спасување на нелегални имигранти е во согласност со меѓународните норми, јави ДПА.

– Сите држави имаат зони за потрага. Одлуката е донесена во согласност со меѓународните норми, изјави портпаролот на либиските военопоморски сили Ајуб Касим, додавајќи дека агенциите на ОН се предупредени.

Германската невладина организација „Си-ај“ соопшти дека времено го стопира спасувањето мигранти во Средоземното Море поради либиските закани и безбедноста на нејзината екипа. Вчера стопирање на спасувачките активности најави и „Лекари без граници“.

Либија предупреди дека ја проширува сопственета зона за потрага и спасување надвор од ограничувањето од 12 милји, кое Италија и други земји го сметаат за граница на либиските територијални води.

Невладина организација соопшти дека либиската крајбрежна стража испукала предупредувачки куршуми минатата недела кон шпански спасувачки чамец, додека тој бил во меѓународните води.

Касим обвини некои невладини организации за врски со трговци со мигранти. Според него трговците добиваат информации од тие организации пред акциите на либиската крајбрежна стража.

Одлуката за создавање зона за потрага и спасување е донесена од властите, лојални на премиерот на либиската Влада на национално единство Фајез ал Сараџ, кој е признат од меѓународната заедница. Таа Влада сепак ја контролира единствено престолнината Триполи.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Што пронајде полицијата во станот на терор... Полицијата по терористичкиот напад во Барселона упадна во станот на еден од главните осомничени, Муса Укабир за кој постои сомнение дека го управувал ...
Пучдемон: Каталонија ќе продолжи по патот на незав... Претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон денеска изјави дека нападите што се случија во Каталонија нема да влијаат и да го сменат патот ко...
Уапсено четврто лице поради нападите во Шпанија... Каталонската полиција денеска соопшти дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс, со што бројот на осомничените достигна...
Ердоган со повик до Турците во Германија да не гла... Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за трите главни партии на изборите што треба да се одр...
Билансот на загинатите во двата напада во Каталони... Билансот на загинатите во двата терористички напади со автомобили во шпанската автономска област Каталонија се зголеми на 14 лица, откако жена тешко р...
Германската десничарска политичарка Петри обвинета... Парламентарниот комитет во источниот дел на Германија, побара на Фрауке Петри, еден од лидерите на крајно-десничарската партија Алтернатива за Германи...