Македонските јуниорки звршија на 21-во место на Европското првенство во Даблин

Македонските јуниорки звршија на 21-во место на Европското првенство во Даблин

Јуниорката женска репрезентација на Македонија го освои 21-то место во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години што се одржува во Даблин, Ирска.

Избраничките на селекторката Анета Глигорова во последниот меч на првенството убедливо ја совладаа селекцијата на Албанија со 88:58 по четвртини 18-8, 19-14, 26-20 и 25-16.
.
Две наши кошаркарки средбата ја завршија со дабл-дабл учинок. Анамарија Шеќеркоска оствари 18 поени и 16 скокови, а имаше и 5 асистенции, додека Снежана Серафимовска покрај 15 поени имаше и 12 скока.

Двоцифрен број на поени постигнаа и Сара Спировска 15 и Искра Андонова 14.

Тоа беше само втората победа на нашите јуниорки на првенството не сметајќи го службениот триумф против Данска, па на крајот црвено-жолтите завршија како 21-ви во конкуренција на 24 репрезентации оставајќи ги зад себе само Албанија, Ерменија и Данска.

Поврзани вести

Македонските кадети поразени и од Исланд... Македонската кадетска репрезентација е поразена од Исланд во натпревар за пласман од 13-16 место на Европското првенство за кошаркари до 16 години што...
Комплетирано 5.коло од кошаркарските претквалифика... По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во следната фаза - квалифик...
Пораз на македонските кошаркари во Талин, Естонија... Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство 2019. Попладнево Македон...
Скопје домаќин на ЕП Дивизија Б за кошаркарки до 1... Македонската кошаркарска федерација од утре (17 август) па во наредните десет дена ќе биде домаќин на Европското првенство - Дивизија Б за кошаркарки ...
Наваро го сруши рекордот на Епифанијо... Хуан Карлос Наваро се запиша во историјата на шпанската кошарка како играч со најголем број настапи во репрезентативниот дрес. Наваро синоќа по 240. п...
Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија во м... Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.кол...