Тасовски ќе патува на мечот против Естонија

Тасовски ќе патува на мечот против Естонија

Диме Тасовски еден од најискусните кошаркари во репрезентацијата на Македонија заработи повреда на потколеницата на синоќешниот меч против Косово, но сепак тој ќе биде дел од тимот кој ќе патува за Естонија.

Нашата селекција го совлада Косово во претквалификацискиот натпревар за СП 2018 година, но Тасовски се повреди во последната четвртина и мораше да го напушти теренот со мраз на потколеницата.

Според последните информации, во текот на денот на Тасовски му е направена ехо снимка по која е констатирано дека повредата не е од посериозен карактер.

Искусниот крилен кошаркар веќе имал и една терапија, па лекарскиот тим на репрезентацијата очекува Тасовски да биде подготвен и да помогне во последниот, решавачки меч на Македонија и тоа на гостувањето во Талин против Естонија закажан за во среда.

Поврзани вести

Македонските кадети поразени и од Исланд... Македонската кадетска репрезентација е поразена од Исланд во натпревар за пласман од 13-16 место на Европското првенство за кошаркари до 16 години што...
Комплетирано 5.коло од кошаркарските претквалифика... По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во следната фаза - квалифик...
Пораз на македонските кошаркари во Талин, Естонија... Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство 2019. Попладнево Македон...
Скопје домаќин на ЕП Дивизија Б за кошаркарки до 1... Македонската кошаркарска федерација од утре (17 август) па во наредните десет дена ќе биде домаќин на Европското првенство - Дивизија Б за кошаркарки ...
Наваро го сруши рекордот на Епифанијо... Хуан Карлос Наваро се запиша во историјата на шпанската кошарка како играч со најголем број настапи во репрезентативниот дрес. Наваро синоќа по 240. п...
Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија во м... Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.кол...