Романските власти задржаа брод со 69 мигранти

Романските власти задржаа брод со 69 мигранти

Романските власти задржаа денека во Црното Море чамец со околу 69 имигранти.

Моторниот чамец, кој пловел под турско знаме бил пресретнат изутрината од романската крајбрежна стража со 69 нелегални мигранти. Чамецот е откриен на десет морски милји од романското пристаниште Мангалија, а мигрантите се од Ирак.

Чамецот е пресретна околу седум часот изутрината преку Интегрираниот систем за набљудување на Црното Море.

Првите проверки на романските власти утврдиле дека чамецот Екмек 1, кој пловел под турско знаме е управуван од двајца шверцери на мигранти, едниот од Бугарија, а другиот од Кипар, а во него се наоѓале 69 мигранти – 30 мажи, десет жени и 29 деца.

Истрагата за случајот продолжува.

Поврзани вести

Пучдемон: Каталонија ќе продолжи по патот на незав... Претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон денеска изјави дека нападите што се случија во Каталонија нема да влијаат и да го сменат патот ко...
Уапсено четврто лице поради нападите во Шпанија... Каталонската полиција денеска соопшти дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс, со што бројот на осомничените достигна...
Ердоган со повик до Турците во Германија да не гла... Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за трите главни партии на изборите што треба да се одр...
Билансот на загинатите во двата напада во Каталони... Билансот на загинатите во двата терористички напади со автомобили во шпанската автономска област Каталонија се зголеми на 14 лица, откако жена тешко р...
Германската десничарска политичарка Петри обвинета... Парламентарниот комитет во источниот дел на Германија, побара на Фрауке Петри, еден од лидерите на крајно-десничарската партија Алтернатива за Германи...
Во Барселона минута молк за жртвите од терористичк... Илјадници луѓе денеска присуствуваа на главниот плоштад во Барселона, каде со минута молчење им се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад. ...