СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им пречи успешната работа на Николовски

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им пречи успешната работа на Николовски

СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во недостиг на идеи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите политики на деструктивност и празни и неосновани обвиниенија.

Обвинувањата за негрижа упатени кон министерот за земјоделство шумарство и водостопанство се апсурдни и неосновани. Министерот за земјдолејство и министерството преземаат низа мерки
за гаснење на пожарите и превенција од нивна повторна појава.

Министерот Љупчо Николовски ги зајакна капацитетите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и му наложи покрај редовните контроли да изврши и вонредни контроли врз работата на ЈП,,Македонски Шуми“, управувачите на заштитените подрачја и приватните сопственици на шуми. Шумската полиција ги зајакна контролите на терен, кога беа прогласени делумни и целосни забрани за движење во шума, при што се евидентираа сите лица затекнати во шума и истовремено им се укажуваше за опасноста од појава на пожари.

Со паушалните и празни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека му пречи успешната работа на министерот и министерството со кое што раководи. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што министерот Николовски ги скрати непродуктивните трошоци, што е одблокирана исплатата на субвенции, што се обезбедуваат нови 10 милиони за поддршка на Програмата за рурален развој и што е зголемена помошта за загуби од временски непогоди. Ниту едно лажно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја сокрие катастрофата што таа партија ја остави во земјоделството, ниту пак ќе помогне да избегаат од одговорност сите оние што криминално се богатеа на сметка на осиромашените земјоделци“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани вести

Можен прекин во водоснабдувањето утре во Драчево и... Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот до завршување на работите, можно е да имаат корисниците во населбите Драчево и Долно Лисиче. РЦУК по из...
Протестираа жителите на Порој поради несанираните ... Со предупредувачка блокада од половина час на регионалниот пат Тетово - Јажинце кај мостот под селото, жителите на Порој го изразија својот револт од ...
Џафери: На седниците на работните тела ќе се канат... Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери му одговори на премиерот Зоран Заев на неговото писмо со честитка за водењето на пар...
Тешко повреден маж по пад од карпа кај браната на ... Четириесетгодишен маж изутрина околу осум часот паднал искачувајќи се од карпа на излезот од браната кај езерото „Младост“, здобивајќи се со тешки тел...
(ВИДЕО) Димитров во посета на Осло: Потпишана Заед... Заокружувајќи ја својата нордиска турнеја, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во возвратна...
Реконструкција на улици во Пехчево... Асфалтирани се две улици во Пехчево со вкупна должина од околу 500 метри, а во тек е реконструкција и на улиците „Гоце Делчев“ во должина од 168 метри...