Трпески: Неизградбата на автопатот Кичево-Охрид ги доведува во прашање веќе започнатите странски инвестиции

Трпески: Неизградбата на автопатот Кичево-Охрид ги доведува во прашање веќе започнатите странски инвестиции

Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ биле неспособни и целосно неодговорни кон државата и граѓаните.

– СДС во своите 74 дена власт само блокира и крати, автопатот Кичево – Охрид е жртва на неодговорноста и некадарноста на СДС. Неспособната влада на СДС наоѓа нај банални изговори, како да ја запре изградбата на автопатот. Градбата на Автопатот Кичево – Охрид е во целосен застој повеќе од два ипол месеци. Автопатската делница Кичево – Охрид, која е дел од автопатското решение на Коридорот 8, е проект започнат од ВМРО-ДПМНЕ, неговата реализација чини 374 милиони евра, а истиот е со вкупна должина од 57 километри. Работите на патот се повеќе од 45% завршени, а според планираниот тек на работите истиот требаше да биде завршен на почетокот на 2019-та година, рече Трпески.

Според него, реализацијата на овој автопат е од витално значење за Македонија и изградбата не смее да запре. Како што кажа Трпески изградбата на автопатот влијаела врз севкупната економија посебно во западниот дел од земјата и истиот значел комплетирање на автопатското решение на Коридорот 8 што ќе значело поголем број на инвестиции во овој дел од државата и поголема достапност на Охрид за туристите.

– Неизградбата на автопатот ги доведува во прашање и веќе започнатите странски инвестиции во ТИРЗ зоната Охрид и доведува во неизвесност илјадници граѓани, кои може да останат без работа. Сугарески се обидува со помош на банални изговори целосно да ја замрзне изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Неспособниот министер Сугарески, се вади на проблеми со експропријацијата на земјиштето, што е целосно неточно и претставува банален изговор за да не продолжи изградбата на автопатот. Имено Сугарески треба да знае, а ако не знае ние ќе му кажеме, во законот за експропријација има вградени механизми преговорите за висината на надоместокот да се одвиваат додека трае градбата, рече Трпески.

Тој додаде дека вториот изговор била потребната дислокација на инфраструктурните објекти, што според Трпески не е причина за прекин на целата градба и претставувало само блед обид да се прикрие сопствената неспособност и незнаење да се менаџира со голем инфраструктурен проект.

– Владата на СДС треба да знае дека автопатот не се гради во рамница како Пелагонија туку во најридестиот дел од Македонија дека во текот на работата имало има и понатаму ќе има проблеми во теренските работи, но наместо да се плаче треба да се засукаат ракави и да се решаваат отворените прашања. СДС не работи за доброто на граѓаните и државата, СДС работи согласно теснопартиските потреби. Заρади неодговорноста, целоκупната негρижа и неспособноста на владата на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност, заврши Трпески.

Поврзани вести

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ не предвиделе покачување на пензи... Министерството за труд и социјална политика со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за покачувањето на пензиите. „Во врс...
СДСМ: Јавноста ја препознава лажната загриженост н... СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ. „Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија ...
ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 пензионери нема да го доби... Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека пензионерите се заложници на катастрофалното лоша фина...
Пораст од 28 проценти на трговската размена меѓу Т... Трговската размена меѓу Турција и Русија во првата половина од годината бележи пораст од 28 проценти, изјави рускиот министер за енергетика Александар...
(ВИДЕО) Богоев: Преку проектот Млад земјоделец, Вл... Стефан Богоев, претседателот на СДММ денеска во изјава за медиумите рече дека преку проектот „Млад земјоделец“, новата Влада предводена од СДСМ со 10 ...
СДСМ: Наместо за барок, споменици и палми, парите ... СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не може да сокрие пустошот што го остави зад себе во економијата и огромните долгови што им...