Гелова Стојанова: За само 70 дена Тевдовски го задолжи секој македонски граѓани за нешто над 3.100 денари

Гелова Стојанова: За само 70 дена Тевдовски го задолжи секој македонски граѓани за нешто над 3.100 денари

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека до само пред некој месец СДСМ зборувале за презадолженост на државата, а сега кога безмалку на неделна основа се задолжувала државата со десетици милиони евра, молчеле.

– Тоа говори за нивното лицемерие. Никаде ги нема збор да изустат за нивниот министер за задолжување, Драган Тевдовски кој само за 70 дена успеа да ја задолжи државата за 101 милион евра само по основ на аукции на државни хартии од вредност. Бидејќи ги нема да направат математики, ние денес ќе ви презентираме како тоа изгледа. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжи државата за речиси 1.5 милиони евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на на секој час ја задолжува државата за речиси 62.500 евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност секоја минута ја задолжува државата за речиси 1.050 евра, рече Гелова Стојанова.

Како што кажа таа, за само 70 дена министерот Тевдовски успеал да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари.

– Ако на ова ги додадете 126 милиони евра стопени девизни резерви и планираните дополнителни 150 милиони евра нови долгови, тогаш бројките ќе бидат фрапатни, смета Гелова Стојанова.

Таа запраша дали македонските граѓани го заслужуваат тоа и додаде дека во предизборниот период СДСМ ветувале кули и градови, но сме добиле само задолжување за кое немало никакво објаснување за тоа каде парите ќе се трошат.

– Дали тие пари се предвидени за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, или плата од 100.000 денари за докторите? Или пак парите ќе завршат за луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросоидните војници?, запраша Гелова Стојанова.

Според неа неодговорноста, неспособноста и негрижата на СДСМ за граѓаните и државата народот многу скапо ќе ја плател.

– Потенцираме дека овие застрашувачки бројки кои прозлегуваат од бруталното задолжување кое го прави СДС се однесуваат за досегашниот период и веројатно ќе бидат зголемени за многу кратко време. Доаѓа нова работна недела во министерството за задолжување и најверојатно ќе има и нова тура аукции на државни хартии од вредност во износ од десетици милиони евра, заврши Гелова Стојанова.

Поврзани вести

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ не предвиделе покачување на пензи... Министерството за труд и социјална политика со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за покачувањето на пензиите. „Во врс...
СДСМ: Јавноста ја препознава лажната загриженост н... СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ. „Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија ...
ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 пензионери нема да го доби... Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека пензионерите се заложници на катастрофалното лоша фина...
Пораст од 28 проценти на трговската размена меѓу Т... Трговската размена меѓу Турција и Русија во првата половина од годината бележи пораст од 28 проценти, изјави рускиот министер за енергетика Александар...
(ВИДЕО) Богоев: Преку проектот Млад земјоделец, Вл... Стефан Богоев, претседателот на СДММ денеска во изјава за медиумите рече дека преку проектот „Млад земјоделец“, новата Влада предводена од СДСМ со 10 ...
СДСМ: Наместо за барок, споменици и палми, парите ... СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не може да сокрие пустошот што го остави зад себе во економијата и огромните долгови што им...