Вознијацки против Свитолина во финалето во Торонто

Вознијацки против Свитолина во финалето во Торонто

Елина Свитолина и Каролине Возниацки ќе играат во финалето на ВТА Мастерс турнирот во Торонто.

Свитолина за место во финалето избори со триумфот над минатогодишната победничка на овој турнир Симона Халеп која ја совлада со 2-0 по сетови 6:1 и 6:1, за 57 минути игра.

Таа во финалето ќе игра против Каролине Возниацки. Данската тенисерка за 80 минути игра во полуфиналето ја победи Слоун Стивенс со 2-0 во сетови 6:2 и 6:3.

Имено, Возниацки во 2010 година триумфираше на овој турнир во Торонто.

Во меѓусебните мечеви досега овие две тенисерки одиграле само два дуели, а и двата ги добила Свитовина.

Поврзани вести

Вавринка успешно опериран Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успешно е опериран вторпат сезонава што значи дека за него оваа година на спортски план е завршена. Тој имаше повре...
Шарапова со „вајлд карта“ на УС Опен... Шампионката на УС Опен од 2006 година, Русинката Марија Шарапова доби „вајлд карта“ од организаторите за настап на овогодишниот турнир. Шарапова им...
Ѓорческа напредуваше две места на ВТА ранг листата... Најдобрата македонска спортистка Лина Ѓорческа го подобри својот пласман на ВТА ранг листата за две позиции и сега се наоѓа на 211.место со 254 поени....
Јотовски со пад од осум места на АТП ранг листата... Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи пад од осум позиции на најновата АТП ранг листа објавена денеска. Тој сега се наоѓа на 584.мест...
Зверев подобар од Федерер во финалето во Монтреал... Германскиот тенисер Александер Зверев е победник на „Роџерс куп“ во Монтреал, дел од Мастерс серијата. Зверев во финалето неочекувано брзо и лесно ...
Федерер против Зверев во финалето на Мастерсот во ... Швајцарецот, Роџер Федерер и Германецот Александар Зверев, ќе играат во финалето на АТП Мастер турнирот во Монтреал. Ова е епилогот по одиграните ...