ФБИ покрена истрага за инцидентите во Шарлотсвил

ФБИ покрена истрага за инцидентите во Шарлотсвил

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и сојузните обвинители покренаа истрага за можното кршење на човековите права за време на синоќешните инциденти во Шарлотсвил.

Во вчерашните немири, што избија за време на протестите, загинаа три лица, а 35 се повредени.

За време на протестниот марш на „белите расисти“, во група демонстранти влета автомобил, при што една жена (32) загина, а 19 лица беа повредени.

Двајца американски полицајци загинаа во несреќа со хеликоптер, што се урна во шумскиот предел на градот. Хеликоптерот бил испратен на местото за да ја следи состојбата на протестите. Се уште не е позната причината за падот на леталото.

Некои од повредените се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на автомобилот, што влета во толпата, Алекс Филдс (20) од Охајо, е упасен под обвинение за второстепено убиство, злонамерно повредување, предизвикување несреќа и бегање од местото на настанот.

Очевидци наведоа дека Филдс влетал со неговиот автомобил во група што протестирала против екстремните десничари.

Откако членовите на Републиканската партија на САД го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп поради наводното одбивање да ги критикува екстремните десничари кои пропагираат омраза, државниот обвинител Џеф Сешнс изјави дека постапките кои произлегуваат од „расната заостанатост и омразата“ претставуваат „предавство за нашите основни вредности и не можат да бидат толерирани“.

– Правдата ќе победи, истакна Сешнс.

Гувернерот на Вирџинија Тери Меколифи прогласи вонредна состојба пред одржувањето на маршот на „белите националисти“.

Стотина американски бели националисти, синоќа одржаа протестен марш, на Универзитетот Вирџинија, против планот да се тргне статуата на генералот Роберт Ли од Граѓанската војна во САД, во средината на 19 век.

Во оваа војна, генерал Ли ги предводел силите кои биле против укинувањето на ропството на кое било изложено црнечкото население на Југот во тогашна Америка.

Толпата носеше запалени факли и извикуваше пароли: „Евреите нема да не заменат“, како и „Важен е животот на белците“.

Градоначалникот на Шарлотвил, каде се наоѓа Универзитетот и каде на еден плоштад е поставена статуата, остро го осуди синоќешниот марш, означувајќи го како расистички.

Организаторот на протестот, Џејмс Кеслер кој ги обвинува градските власти дека „шират омраза кон белците“ изјави за локалните медиуми дека маршот е „значаен момент за белците кои се тука и кои никаде нема да си одат“.

Учесниците на контра демонстрацијата се собраа кај споменикот на Томас Џефересон „таткото на американската независност и на демократските слободи во САД“ .

На својот протест тие истакнаа транспарент: „Студентите од Вирџинија се против супремацијата на белците“.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Што пронајде полицијата во станот на терор... Полицијата по терористичкиот напад во Барселона упадна во станот на еден од главните осомничени, Муса Укабир за кој постои сомнение дека го управувал ...
Пучдемон: Каталонија ќе продолжи по патот на незав... Претседателот на каталонската Влада, Карлес Пучдемон денеска изјави дека нападите што се случија во Каталонија нема да влијаат и да го сменат патот ко...
Уапсено четврто лице поради нападите во Шпанија... Каталонската полиција денеска соопшти дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс, со што бројот на осомничените достигна...
Ердоган со повик до Турците во Германија да не гла... Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за трите главни партии на изборите што треба да се одр...
Билансот на загинатите во двата напада во Каталони... Билансот на загинатите во двата терористички напади со автомобили во шпанската автономска област Каталонија се зголеми на 14 лица, откако жена тешко р...
Германската десничарска политичарка Петри обвинета... Парламентарниот комитет во источниот дел на Германија, побара на Фрауке Петри, еден од лидерите на крајно-десничарската партија Алтернатива за Германи...