Во Виена претставување на проектот „Како да се направи фестивал со 100 и 1.000.000 евра?“

Во Виена претставување на проектот „Како да се направи фестивал со 100 и 1.000.000 евра?“

Биљана Тануровска-Ќулавковски и Ивана Васева ја претставуваат Македонија на фестивалот ImPulsTanz во Виена каде денеска ќе иницираат дискусија/игра „Како да се направи фестивал со 100 и 1.000.000 евра?“

Идејата потекнува од текстот „Фестивалот како микрофизика на моќта” (Фуко) во регионот и поранешна Југославија” од Ивана Васева, Елена Вељановска и Биљана Тануровска-Ќулавковски, како дел од проектот „Расшколувано знаење“ во 2012 година. Во овој текст, промената/трансформацијата на поимот, структурата и значењето на фестивалите е дадено низ краток преглед исто како и современото поимање на терминот во контекст на земјите од поранешна Југославија.

– Овој проект поттикнува на размислување надвор од познатото: какви можат да бидат уметничките практики и со тоа уметноста што ја промовираме и продуцираме кога многу добро сме запознаени со границите кои мораме да ги скршиме со цел да овозможиме свеж и нов воздух на уметничката сцена и со тоа да не бидеме жестоко приврзани за фондовите. Исто така, овој проект ја преиспитува улогата/ите на кураторите и програмерите и како оваа улога ја оформува политиката, економијата и контекстот, наведуваат авторките на проектот „Како да направиш фестивал за 100 или за 100.000 евра?”.

Тој досега беше претставен на фестивалот за современ танц Locomotion во 2014 година, на АКТО фестивалот за современа уметност во Битола во 2015, на Co-festival Ljubljana во 2015, како и на регионалното биенале за кореографија Re//Dance во Букурешт во 2016 година.

ImPulsTanz е еден од најреномираните фестивали за современ танц, формиран во 1984 година во Виена од културниот менаџер Карл Регенсбургер и кореографот Исмаел Иво.Во 2012 година, фестивалот е награден со престижната награда за уметност во Австрија – Bank Austria Kunstpreis.

Поврзани вести

Ристески: Целта на пресудата е да се дискредитира ... Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески реагира на пресудата поради сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, а по пријава од адвока...
Гори депонија во Тетово, Арифи не знае дали може д... Околу 14 часот избувна пожар во Тетово, на депонијата во близина на силосите за жито на „Жито Полог“. Граѓаните велат дека градот е задушен во чад и н...
Уапсен бизнисменот  Бенџамин Штајнмец... Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои и Мaкедонија, а кој се бараше со потерница од страна ...
(ВИДЕО) Костов: Пет милиони евра долг во ГОБ, потр... Новиот директор на ГОБ  “8 Септември“,  Христијан Костов, на прес конференција информираше  во каква состојба била болницата во моментот на  неговото ...
Марјан Рисески осуден за несовесно работење на пар... Основниот суд во Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески со парична казна од 36.900,00 денари. Ристески е осуден поради с...
Валандово утре ќе гласа за или против рудникот Каз... Утре жителите  на Валандово  на референдум ќе се изјаснат дали ќе дозволат да се изгради   рудникот Казандол и за можното отворање на нови рудници на ...