Со голем концерт одбележани 70 години од постоењето на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп

Со голем концерт одбележани 70 години од постоењето на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп

Со концерт кој синоќа се одржа на плоштадот „Александрија“ во Прилеп беа одбележани 70 години од постоењето на КУД „Мирче Ацев“. Гости на концертот беа членовите од КУД „Змај“ од градот Ириг, Србија. Веќе 7 децении КУД „Мирче Ацев“ е македонски и прилепски фолклорен амбасадор, промовирајќи го во земјата и во странство македонскиот фолклор и традиција. Неговите почетоци започнале во април 1947 година, а во досегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото одржале повеќе од 3.500 концерти не само во Прилеп и Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот.

„Денеска прославуваме 70 години постоење на КУД „Мирче Ацев“. Им благодарам на сите поранешни членови кои придонесоа за да ова друштво биде познато на сите континенти. Задоволство ми е што гости ни се и КУД „Змај“ од градот Ириг од Србија со кои соработуваме неколку години“, кажа Атанас Гагалески, КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп.

„Големо задоволство ни е нас од КУД „Змај“ од Ириг да присуствуваме тука на ова големо одбележување и да го посетиме овој преубав град Прилеп. КУД „Змај“ постои 150 години и се надевам дека оваа соработка со КУД „Мирче Ацев“ ќе трае уште многу години“, рече Зоран Митиќ, претседател на КУД „Змај“.

На настанот присуствуваа и градоначалниците од Ириг и Прилеп, господинот Стефан Казимировиќ и господинот Марјан Ристески.

„Мене ми е многу мило што денеска не удостоивте и не повикавте да бидеме присутни на оваа свеченост. Јас се надевам дека ова ќе прерасне во едно трајно пријателство помеѓу овие две културно уметнички друштва и помеѓу нашите две општини“, истакна Стефан Казимировиќ, градоначалник на Ириг.

„Во оваа прилика од мое име и од името на градот им го честитам големиот јубилеј на КУД „Мирче Ацев“. 70 години презентирање на македонската традиционална музика и ора, не само во Прилеп и Македонија туку и во целиот свет. Им посакувам многу здравје, успех и среќа. Посакувам и понатаму да ја пренесуваат оваа традиција на сегашните и идни генерации“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

КУД „Мирче Ацев“ има освоено бројни награди во повеќе држави, а добитник е и на третоноемвриското признание на градот Прилеп за негувањето на македонскиот фолклор.

Поврзани вести

Младите од Вевчани ги изучуваат тајните на традици... Во рамки на Фестивалот за народна култура „Пображење“ што се одржува во Вевчани како содржина е вметната и работилница за традиционално изворно пеење ...
Концерт на дуото „Алиада“ и изложба за Роберт Музи... Фестивалската програма на „Охридско лето“ за денеска предвидува концерт за саксофон и хармоника на дуото „Алиада“, како и изложбата „Роберт Музил и Пр...
Во Велес изложба на фотографии за убавините на Пре... Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на фотографии од Љупчо Илиевски од Скопје фотограф –фоторепортер вработен во МРТВ како камерм...
Поетско читање на Прилепско културно лето... Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе се одржи манифестацијата „Поетско читање“, во рамки на Прилепско културно лето. На Поетс...
АУДИО: Џорлев како директор на „Танец“ се лути про... На ЈуТјуб се појави аудио снимка од доскорешниот директор на Ансамблот „Танец“ од која што може да се слушне како Зоран Џорлев на состанок со вработен...
Ретроспективна изложба на копаничарот Раде Костовс... Во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј - Крива Паланка, вечерва ќе биде отворена ретроспективната изложба на дводецениското творешт...