ЦУК: Се уште активни неколку пожари во Македонија

ЦУК: Се уште активни неколку пожари во Македонија

Во пожарот на местото Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина, гори сува трева, смрека и ниско стеблеста деградирана дабова шума. На терен се лица од Шумско стопанство „Лопушник“, а во гаснењето на пожарот делуваа и два авиони канадери на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на местото „Коритски дол“ кој беше активен е со намален интензитет поради дејството на хеликоптерите и лицата присутни на теренот. Населеното место Растеш не е загрозено, а на терен е екипа на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

Попладнево, како што информираат од ЦУК, дејствуваат два авиони на ДЗС на активните жаришта на атарот на селата Волче и Заград на местото „Мрамор“. Моментално населените места Заград и Волче поради оддалеченоста од активните жаришта не се загрозени.

Пожарот на атар на село Грешница во мементов е под контрола и обиколен со заштитен појас. Гори нискостеблеста деградирана шума од смрека и даб која од претходните пожари беше опожарена.

За пожарот на атарите на селата Растеш, Заград и Волче ангажирани се лица од ЈП „Македонски шуми, ТППЕ – Македонски Брод, како и месно население. Попладнето дејствуваа и два авиони на ДЗС.

Појава на шумски пожар имаше и во планинскиот дел близу село Богојци кон правецот на село Татеши. Зафатена е нискостеблеста и дабова шума. Во гаснење на пожарот ангажирани се вработени од Шумското стопанство „Струга“.

Од ЦУК велат дека во Повардарски плански регион пожарот кај Јасеновска глава од страна на село Попадија е активен, но стишан и го гасат луѓе од Шумско стопанство „Бабуна“.

Во Богомила над стариот пожар утрово беше запален нов пожар, кој сега е стишен. На местотона пожарот има луѓе од Шумско стопанство „Бабуна“.

Пожарот во атарот на село Галиште во текот на претпладнето беше згаснат, но поради силен ветер повторно е разгорен. Гори на местата Ореов дол, Бајков осој, а огнот се движи кон село Галиште. Кон него се упатени сили за гаснење.

Пожарот во месноста Мушов Гроб кој поради ветрот се повтори е локализиран и се врши правење безбедносен појас. Гасат луѓе од Шумско стопанство „Бор“.

Во Северниот скопски плански регион пожарот помеѓу селата Гумалево и Дејковец, каде гори ниска неквалитетна шума, е со намален интензитет. Вработени од Шумското стопанство се на терен и продолжуваат со активностите за гаснење.

Од ЦУК соопштуваат дека во Пелагонски плански регион пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен во правец на село Забрчани. Гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ и доброволци. Не постои опасност од загрозување на манастирот Трескавец.

Пожарот кај село Никодин каде се ангажирани вработени од ЈП МШ „Црн Бор„ – Прилеп е ставен под контрола. Пожарот во близина кај селаат Крушеви и Бонче е локализиран, а екипата се повлекува од теренот.

Во Тетовско-полошки плански регион огнот во опожарените места, во близина на селата Гургурница, Копанце, Туденце и Сиричино се уште тлее и тоа на сува трева и ниско жбунести растенија. Огнот постојано го држат под контрола вработени во ЈП Македонски Шуми, припадници на ДЗС, граѓани од населените места, членови на ловни друштва, а по потреба, во мобилна состојба се и вработени во ТППЕ од Тетово.

Иста е состојбата и во село Корито, каде гори сува трева и нискожбунести растенија. И на таа локација ангажирани се ЈП Македонски Шуми, ДЗС, ТППЕ и граѓани. Околу опожареното место, направен е појас и ширењето на огнот е изолиран.

Попладнето е пријавен шумски пожар над село Волковија – Чегране кај местото Чука. На терен се пратени екипи од Територијалната противпожарна единица, додават во соопштението од Центарот за управување со кризи на РМ.

Поврзани вести

Можен прекин во водоснабдувањето утре во Драчево и... Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот до завршување на работите, можно е да имаат корисниците во населбите Драчево и Долно Лисиче. РЦУК по из...
Протестираа жителите на Порој поради несанираните ... Со предупредувачка блокада од половина час на регионалниот пат Тетово - Јажинце кај мостот под селото, жителите на Порој го изразија својот револт од ...
Џафери: На седниците на работните тела ќе се канат... Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери му одговори на премиерот Зоран Заев на неговото писмо со честитка за водењето на пар...
Тешко повреден маж по пад од карпа кај браната на ... Четириесетгодишен маж изутрина околу осум часот паднал искачувајќи се од карпа на излезот од браната кај езерото „Младост“, здобивајќи се со тешки тел...
(ВИДЕО) Димитров во посета на Осло: Потпишана Заед... Заокружувајќи ја својата нордиска турнеја, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во возвратна...
Реконструкција на улици во Пехчево... Асфалтирани се две улици во Пехчево со вкупна должина од околу 500 метри, а во тек е реконструкција и на улиците „Гоце Делчев“ во должина од 168 метри...