Гостинска победа на Олимпик Марсеј кај Нант

Гостинска победа на Олимпик Марсеј кај Нант

Екипата на Олимпик Марсеј забележа победа со 1-0 на гостувањето кај Нант во првиот од петте натпревари кои се играат денеска во француската Лига 1.

Тимот од Марсеј до трите бодови стигна со голот на Аргентинецот, Лукас Окампосо постигнат на три минути пред крајот

Инаку ова беше третиот меч од 2.коло во Лига 1.

И во претходните два одиграни вчеравечер, победи забележаа гостинските екипи и тоа со идентични 1-2 славеа Троа кај Ница и Олимпик Лион против Рен.

Вечерва ќе се одиграат уште четири натпревари: Амиен – Анже, Бордо – Мец, Каен – Сент Етјен и Тулуз – Монпелје.

Колото ќе биде комплетирано утре со средбите, Стразбур – Лил, Дижон – Монако и Гингамп – ПСЖ

Поврзани вести

Баерн против Баер на стартот во Бундес лигата... Со натпреварот кој ќе се игра вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, а во кој актуелниот германски шампион Баерн ќе биде домаќин на Баер Леверкузен, ...
Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата... Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, загуби од македонскиот ...
Јаневски: Работата не е завршена, во Истанбул ќе б... Чедомир Јаневски имаше деби од соништата на кормилото на македонскиот првак Вардар и тоа со победа од 2-0 против турскиот гигант Фенербахче. Јаневс...
Одиграни првите средби од плејофот за Лига Европа:... Ширум Европа синоќа беа одиграни вкупно 21 натпревар од последната квалификациска рунда за влез во групната фаза во Лига Европа. Македонските претс...
Османи: Ќе дадам шанса на помладите... Ќатип Османи, тренерот на тетовска Шкендија, не го криеше разочарувањето од убедливиот пораз од Милан со 6-0 во првиот дуел од плејофот во Лига Европа...
Монтела ги повика сите симпатизери на Милан од Бал... Иако Милан убедливо со 6-0 ја победи Шкeндија, тренерот на италијанскиот гигант Винченцо Монтела верува дека неговата екипа има голем простор за напре...