Делави: Време е граѓаните на Косово да најдат решение, а не странците

Делави: Време е граѓаните на Косово да најдат решение, а не странците

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави изјави дека дошло време граѓаните на Косово да го пронајдат решението, а не да чекаат тоа за нив да го сторат странците.

– Мислам дека она што треба да го видиме е решение за Косово. Математиката е неприкосновена. Имате три групи, од кои секоја има приближно една третина пратеници. Јасно е дека треба да има некаков компромис и дека мора да постои компромис, кој доаѓа од страна на граѓаните на Косово, а не компромис од странците, изјави Делави за КТВ.

На прашањето што е неопходно да се стори, со оглед на тоа дека т.н. воена коалиција која е собрана околу Демократската партија на Косово, која победи на изборите, нема парламентарно мнозинство, тој изјави дека смета ои навистина е важно сите косовски политичари да пронајдат начин да ги постават интересите на својата земја на прво место, а не своите семејства и политичките партии.

– Навистина е важно Косово да има собрание, Косово да има влада. Светот едноставно нема да чека Косово да се пронајде себе си. Светот се движи напред и Косово исто така треба да оди напред. Јас би ги поттикнал сите политичари да пронајдат начин да ги застапуват интересите на граѓаните на Косово, додаде тој.

Продолжението на конституивната седница на косовскиот парламент е закажана за в понеделник во 10 часот. На дневен ред ќе биде изборот на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом.

Тој исто така напомена дека моментално дошло до застој во дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги охрабри двете страни да продолжат со тој процес.

– Не знам што точно претседартелот на Србија Алексадар Вучиќ има во план, но секако ми е драго да слушнам кога говори за компромис и прифаќање на реалноста, рече Делави.

Поврзани вести

Хак: Иднината на Кипар зависи од преговорите... Иднината на Кипар зависи од преговорите и решенијата на двете страни, изјави заменик официјалниот претставник на Обединети нации, Фархан Хак. Тој и...
Двајца терористи се разнесоа во Турција... Двајца терористи од екстремистичката и забранетата организација „Маоистичка комунистичка партија“ се разнесоа во турскиот округ Тунџели, одбивајќи да ...
Нови четири случаи на западнонилска треска во Грци... Четири нови случаи на западнонилска треска беа регистрирани оваа недела во Грција, јавија грчки медуми, додавајќи дека се потврдени прогнозите на експ...
Тачи: Мораме да бидеме подготвени на дополнителни ... Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека лидерите на Косово и во Србија се посветени на конечниот мир меѓу Србите и Албанците, а за тоа да се слу...
Во Турција приведени дваесет лица осомничени за по... Дваесет лица, меѓу кои и жени, се приведени денеска во операција во Конја и уште шест окрузи на Турција против лица, осомничени за врски со организаци...
Грчката Влада одобри 180.000 евра помош за Китира... Грчката Влада соопшти дека доделува 180.000 евра итна помош за островот Китира, кој месецов беше зафатен со разурнувачки шумски пожар. Помошта ја о...