„Катимерини“: Софија, Скопје и името

„Катимерини“: Софија, Скопје и името

Како што се доближува есента, како и секоја година, добиваме информации, вообичаено со протекување, во врска со името на Скопје, пишува „Катимерини“ во коментар под наслов „Софија, Скопје и името“.

Според весникот, „досега не се преземени суштински чекори и само се потврдени цврстите позиции на Скопје и Атина со потсетување дека двете страни веќе наравиле отстапки“.

– Сега, првпат во последниве неколку години, имаме некои нови податоци, кои под одредени услови, можат да го откочат процесот, но сепак не пред локалните избори во октомври во Скопје, информира „Катимерини“.

Во текстот се потсетува дека до почетокот на летото, Грција „мораше да се бори против Груевски и неговата националистичката хистерија“.

– Тоа ни одговараше и ни даде аргументи да ја спречиме евро-атлантската перспектива на земјата, коментира „Катимерини“ додавајќи дека претходната власт „ширела антигрчки отров во јавното мислење“.

– Сега што ќе правиме без страшило? Заев, без целосно да ја смени политиката на својот претходник, нема да ни го направи тоа задоволство да гради други статуи или да толерира негови високи функционери да мавтаат со знаме на „Голема Македонија“ на Олимп, како што направи поранешниот министер за надворешни работи Милошоски. Не само тоа, новата влада, наводно, најпосле затвори стари отворени прашања со Бугарија, пишува весникот.

Првата вест за Грција, од доближувањето меѓу Софија и Скопје, веќе пристигна, наведува „Катимерини“ додавајќи дека „пред мастилото да се исуши од потпишувањето на договорот за пријателство, бугарската министерка за надворешни работи Захариева изјави дека Софија не се сложува името на ПЈРМ да содржи географска одредница, како што е Северна или Горна Македонија, затоа што тоа може да крие аспирации за „’Пиринска Македонија’, делот од старата Македонија кој и припаднал на Бугарија“.

– Со оглед на тоа дека Скопје веќе отфрли географска формула, тие сега добија и сојузник во Бугарија, која до вчера беше сојузник на Грција. Така, неофицијално се создаде „фронт“ на Софија и Скопје против „црвената линија“ на Атина за сложено име со географска одредница за сите употреби (ерга омнес), заклучува весникот и на крајот додава дека работите уште повеќе се компликуваат ако на сето ова се додаде категоричното спротивставување на Каменос, партнерот на Сириза во грчката Влада, кој не прифаќа името да го содржи „зборот Македонија или негов дериват“.

Поврзани вести

Можен прекин во водоснабдувањето утре во Драчево и... Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот до завршување на работите, можно е да имаат корисниците во населбите Драчево и Долно Лисиче. РЦУК по из...
Протестираа жителите на Порој поради несанираните ... Со предупредувачка блокада од половина час на регионалниот пат Тетово - Јажинце кај мостот под селото, жителите на Порој го изразија својот револт од ...
Џафери: На седниците на работните тела ќе се канат... Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери му одговори на премиерот Зоран Заев на неговото писмо со честитка за водењето на пар...
Тешко повреден маж по пад од карпа кај браната на ... Четириесетгодишен маж изутрина околу осум часот паднал искачувајќи се од карпа на излезот од браната кај езерото „Младост“, здобивајќи се со тешки тел...
(ВИДЕО) Димитров во посета на Осло: Потпишана Заед... Заокружувајќи ја својата нордиска турнеја, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во возвратна...
Реконструкција на улици во Пехчево... Асфалтирани се две улици во Пехчево со вкупна должина од околу 500 метри, а во тек е реконструкција и на улиците „Гоце Делчев“ во должина од 168 метри...