Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина во Кавадарци

Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина во Кавадарци

Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина се одржа синоќа на градскиот плоштад во Кавадарци, во организација на „Охридско лето”, Домот на културата „Иван Мазов-Климе” и кавадаречкиот градоначалник Алекснадар Панов.

Директорот на културниот дом Владимир Темков го изрази задоволството што, како што рече, кавадарчани имаа ексклузивна можност да бидат дел од еден несекојдневен настан.

Проект менаџерот на проектот Дејан Прошев, појасни дека станува збор за соработка помеѓу министерствата за култура од Република Македонија и Народна Република Кина.

– Во рамките на „Охридско лето” се оддржува камп за кинески студенти и македонски студенти за традиционална музика. За да се запознаваат двете култури, македонската и кинеската. И ќе се свират заеднички композиции, традиционални песни. Значи тука имаме наши студенти по музичка академија и дел од ансамблот „Македонија” и кинески студенти. Нашите инструменти се претставени со тарабука, дајре, канон, тука се и кинеските традиционални инструменти, нагласи Прошев.

Прошев за денеска најави краток состанок во Битола со тамошни музичари, а главниот концерт рече дека е во рамките на “Охридско лето” на 15 август.

Гости на вечерта беа членовите на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата од Кавадарци.

Според информациите од организаторите, Камерниот оркестар ЕЛК е основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари. Нивната идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална музика, при што тие се одлучни во ставот дека треба да се зачуваат вредностите на традиционалната кинеска музика, додека истовремено се искористуваат современите музички трендови. Идејата е, на тој начин, да се добијат нови, оригинални композиции.

Поради нивниот професионализам и висок стандард на изведби, Камерниот оркестар ЕЛК, како еден од најквалитетните музички ансамбли, е избран од страна на Кинеското министерство за култура да ја промовира кинеската култура низ светот.

Поврзани вести

Младите од Вевчани ги изучуваат тајните на традици... Во рамки на Фестивалот за народна култура „Пображење“ што се одржува во Вевчани како содржина е вметната и работилница за традиционално изворно пеење ...
Концерт на дуото „Алиада“ и изложба за Роберт Музи... Фестивалската програма на „Охридско лето“ за денеска предвидува концерт за саксофон и хармоника на дуото „Алиада“, како и изложбата „Роберт Музил и Пр...
Во Велес изложба на фотографии за убавините на Пре... Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на фотографии од Љупчо Илиевски од Скопје фотограф –фоторепортер вработен во МРТВ како камерм...
Поетско читање на Прилепско културно лето... Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе се одржи манифестацијата „Поетско читање“, во рамки на Прилепско културно лето. На Поетс...
АУДИО: Џорлев како директор на „Танец“ се лути про... На ЈуТјуб се појави аудио снимка од доскорешниот директор на Ансамблот „Танец“ од која што може да се слушне како Зоран Џорлев на состанок со вработен...
Ретроспективна изложба на копаничарот Раде Костовс... Во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј - Крива Паланка, вечерва ќе биде отворена ретроспективната изложба на дводецениското творешт...