Седум гола во воведниот меч од новата сезона на Премиер лигата

Седум гола во воведниот меч од новата сезона на Премиер лигата

Новата сезона во фудбалското првенство на Англија започна со фантастичен натпревар во кој беа постигнати седум гола, а Арсенал со 4-3 го победи Лестер.

На средбата одиграна во Лондон, иако гостите од Лестер од победата ги делеа осум минути, сепак „топџиите“ беа оние кои на крајот се радуваа.

Арсенал поведе уште во 2.минута со голот на Александре Лаказет, но во 5-тата минута Лестер израмни преку Шињи Оказаки. Својот прв гол на мечот Џејмс Варди го постигна во 29.минута за водство на Лестер од 1-2, но во втората минута од судиското дополнение на првото полувреме (45+2) Дани Велбек израмни на 2-2.

Во вториот дел. Варди во 56.минута повторно му донесе предност на Лестер (2-3). Сепак, откако домашниот тренер Арсен Венгер се фрли на една карта, токму замените му донесоа три бода. Арон Рамзи во 83.минута израмни на 3-3, а две минути подоцна (85) Оливие Жиру ги постави конечните 4-3 за Арсенал.

Денеска и утре на програмата се останатите девет натпревари: Ватфорд – Ливерпул, Челзи – Барнли, Кристал Палас – Хадерсфилд, Евертон – Стоук, Саутемптон – Свонси, ВБА – Борнемут, Брајтон – Манчестер Сити (сабота), Њукасл – Тотенхем и Манчестер Јунајтед – Вест Хем (недела).

Поврзани вести

Баерн со триумф ја почна одбраната на трофејот во ... Успешен старт во новата бундеслишка сезона имаа фудбалерите на Баерн Минхен кои синоќа на домашен терен забележаа победа над Баер Леверкузен со 3:1. ...
Стартува новата сезона во шпанската Примера... Со двата натпревари што ќе се играат вечерва, ќе биде отворена новата сезона во најдобрата конкуренција на фудбалскиот шампионат на Шпанија, Примера л...
Баерн против Баер на стартот во Бундес лигата... Со натпреварот кој ќе се игра вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, а во кој актуелниот германски шампион Баерн ќе биде домаќин на Баер Леверкузен, ...
Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата... Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, загуби од македонскиот ...
Јаневски: Работата не е завршена, во Истанбул ќе б... Чедомир Јаневски имаше деби од соништата на кормилото на македонскиот првак Вардар и тоа со победа од 2-0 против турскиот гигант Фенербахче. Јаневс...
Одиграни првите средби од плејофот за Лига Европа:... Ширум Европа синоќа беа одиграни вкупно 21 натпревар од последната квалификациска рунда за влез во групната фаза во Лига Европа. Македонските претс...