Вардарци поразени од германскиот тим Бергишер

Вардарци поразени од германскиот тим Бергишер

Актуелниот европски и македонски шампион Вардар е поразен на гостувањето во Германија кај екипата на Бергишер.

Ракометарите на Вардар кои по подготовките во Словенија, заминаа за Германија каде ќе одиграат три контролни средби, го загубија првиот против Бергишер со 25-27 полувреме 17-14.

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари. Во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески, а исто така и другите играчи кои вообичаено имаат помала минутажа.

Најефикаснин во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров кој постигна 8 гола, Вуко Борозан постигна 5, а Игор Карачиќ и новото засилување Данил Криштопанс придодадоа по 3, односно 2 гола.

За црвено-црните денеска и утре следуваат уште два контролни натпревари о кои првиот е против Рајн Некар.

Поврзани вести

Победи на Металург и на Охрид на ракометниот турни... Екипите на Металург и на Охрид забележаа победи во 3.коло на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“. Во рамките од А групата, македонскиот ви...
Шартр и Бешикташ ќе играат во финалето на ракомете... Францускиот тим Шартр и турскиот Бешикташ ќе играат во финалето на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“. Ова е исходот по одиграните средби од...
Вардар со 37-26 го совлада Гумерсбах на турнирот в... Актуелниот европски и македонски шампион Вардар конечно прикажа игра која се очекува од европскиот првак. Вардарци забележаа убедлива победа со 37-26 ...
Победи на Шарт и Бешикташ на стартот на меѓународн... Францускиот тим Шартр и турскиот шампион Бешикташ со победи со започнаа својот настап на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“. Минатогодишн...
Втор пораз на ракометарите на Вардар на турнирот в... Актуелниот европски и македонски шампион Вардар го претрпе и вториот пораз во подготвителниот период. Вардарци кои се на мини турнеја во Германија,...
Стартува 45-тото издание на меѓународниот ракомете... Од денеска до вторник во Струга ќе се одржи традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2017“. На 45-тото издание на овој турнир чии средби в...