Гала концерт на учесниците на Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“

Гала концерт на учесниците на Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга вечер традиционално по четиринаесетти пат, ќе се одржи Гала концертот на најдобрите натпреварувачи од Арт фестивалот „Езерски бисери“.

Меѓународниот арт фестивал – натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста. Доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите дисциплини, а најдобриот ја понесува наградата од 1.000 евра.

За наградата Гран при ќе се натпреваруваат млади таленти од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија и Молдавија, кои ќе бидат оценети од страна на стручно жири. Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолклор.

Најдобрите македонски учесници добиваат шанса да настапат на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија. Влезот е бесплатен.

Поврзани вести

Младите од Вевчани ги изучуваат тајните на традици... Во рамки на Фестивалот за народна култура „Пображење“ што се одржува во Вевчани како содржина е вметната и работилница за традиционално изворно пеење ...
Концерт на дуото „Алиада“ и изложба за Роберт Музи... Фестивалската програма на „Охридско лето“ за денеска предвидува концерт за саксофон и хармоника на дуото „Алиада“, како и изложбата „Роберт Музил и Пр...
Во Велес изложба на фотографии за убавините на Пре... Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на фотографии од Љупчо Илиевски од Скопје фотограф –фоторепортер вработен во МРТВ како камерм...
Поетско читање на Прилепско културно лето... Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе се одржи манифестацијата „Поетско читање“, во рамки на Прилепско културно лето. На Поетс...
АУДИО: Џорлев како директор на „Танец“ се лути про... На ЈуТјуб се појави аудио снимка од доскорешниот директор на Ансамблот „Танец“ од која што може да се слушне како Зоран Џорлев на состанок со вработен...
Ретроспективна изложба на копаничарот Раде Костовс... Во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј - Крива Паланка, вечерва ќе биде отворена ретроспективната изложба на дводецениското творешт...