В понеделник продолжение на конститутивната седница на косовскиот Парламент

В понеделник продолжение на конститутивната седница на косовскиот Парламент

Продолжението на конституивната седница на косовскиот парламент е закажана за в понеделник во 10 часот, објавено е на официјаланата веб страница на Парламентот.

На дневен ред ќе биде изборот на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом.

По одредувањето на датумот на седницата, без претходно да има консултативна средба со парламентарните партии, како што побара коалицијата ПАН, пристигна експресна реакција од оваа коалиција.

Пратеникот Зафир Бериша, од Иницијативата за Косово, која заедно со Демократската партија и Алијансата за иднината на Косово, ја сочинуваат коалицијата, изјави дека седницата нема да биде функционална, бидејќи немало консултации со ПАН.

– Последователната седница ќе биде комична седница, како што беа и претходните две, кои беа свикани без консултација со ПАН, изјави Бериша.

Во исто време, Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за премиер од коалицијата ПАН, изјави дека Косово за десет дена ќе има нови институции.

Тој, за Радио Слободна Европа посочи дека со поддршката од Алијасата за Ново Косово, на Беџет Пацоли, која пак е дел од коалицијата ЛАА, Косово ќе има широка владина коалиција и оти единствен кандидат за претседател на косовскиот парламент е Кадри Весели.

Поврзани вести

Српска актерка сведок на теорористичкиот акт во Ба... Српската актерка Сузана Петричевиќ за “Блиц“ сведочи дека во Барселона пред нејзините очи луѓето летале во воздух по ударот на комбето на смртта. -...
Хак: Иднината на Кипар зависи од преговорите... Иднината на Кипар зависи од преговорите и решенијата на двете страни, изјави заменик официјалниот претставник на Обединети нации, Фархан Хак. Тој и...
Двајца терористи се разнесоа во Турција... Двајца терористи од екстремистичката и забранетата организација „Маоистичка комунистичка партија“ се разнесоа во турскиот округ Тунџели, одбивајќи да ...
Нови четири случаи на западнонилска треска во Грци... Четири нови случаи на западнонилска треска беа регистрирани оваа недела во Грција, јавија грчки медуми, додавајќи дека се потврдени прогнозите на експ...
Тачи: Мораме да бидеме подготвени на дополнителни ... Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека лидерите на Косово и во Србија се посветени на конечниот мир меѓу Србите и Албанците, а за тоа да се слу...
Во Турција приведени дваесет лица осомничени за по... Дваесет лица, меѓу кои и жени, се приведени денеска во операција во Конја и уште шест окрузи на Турција против лица, осомничени за врски со организаци...