СДСМ: Преку одговорното управување , Владата ги намалува долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Преку одговорното управување , Владата ги намалува долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го правеше на граѓаните во изминатите 11 години кога парите од скапите, неконтролирани и тајни задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и криминални тендери.

За разлика од таквиот расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики, ги рационализира трошоците, транспарентно управува со долгот, а парите ги насочува кон граѓаните. Само во првите два месеца од мандатот на новата Влада вратен е долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал.

Владата предводена од СДСМ продолжува одговорно и транспарентно да управува со парите на граѓаните. Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари за остварување на лични и партиски интереси“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани вести

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ не предвиделе покачување на пензи... Министерството за труд и социјална политика со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за покачувањето на пензиите. „Во врс...
СДСМ: Јавноста ја препознава лажната загриженост н... СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ. „Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија ...
ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 пензионери нема да го доби... Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека пензионерите се заложници на катастрофалното лоша фина...
Пораст од 28 проценти на трговската размена меѓу Т... Трговската размена меѓу Турција и Русија во првата половина од годината бележи пораст од 28 проценти, изјави рускиот министер за енергетика Александар...
(ВИДЕО) Богоев: Преку проектот Млад земјоделец, Вл... Стефан Богоев, претседателот на СДММ денеска во изјава за медиумите рече дека преку проектот „Млад земјоделец“, новата Влада предводена од СДСМ со 10 ...
СДСМ: Наместо за барок, споменици и палми, парите ... СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не може да сокрие пустошот што го остави зад себе во економијата и огромните долгови што им...