Свеж бакалар во сос од лук

Свеж бакалар во сос од лук

Обавезно пробајте риба подготвена на овој начин, вкусот е феноменален …

Потребно е:
4 х 200 гр свеж бакалар
65 гр омекнат путер
1 1/2 лажица ситно сецкан свеж магдонос
2 поголеми чешниња лук, ситно сецкани
1 мала главица кромид, ситно сецкан
1/2 лажиче сенф
1 1/2 лажица ситно сецкана пршута
1 лажица брашно
2 лажици сок од лимон
сол и свежо мелен бибер, по вкус
2 лажици масло

Подготовка:
– Во помал сад ставете го омекнатиот путер, додадете го ситно сецканиот магдонос, солта, ситно сецканиот кромид, ситно сецканиот лук, сенфот, пршутата, бибер, сок од лимон и лажица брашно. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Рибите измијте ги, исушете ги и посипете ги со сол и бибер. Во поголема тава сипете масло и загрејте го, па потоа ставете ги рибите да се пржат по 4 минути од едната страна, а потоа уште една минута од другата страна. Рибите ставете ги во огноотпорен сад и над секоја риба ставете по една лажица од сосот од лук.

– Вклучете ја рерната на 225 целзиусови степени, садот со рибите ставете го во рерна и печете ги 2-3 минути.

– Садот со рибите извадете го од рерна и остатокот од сосот од лук ставете го на дното на садот и оставете да се растопи.

– Сега во секоја чинија ставете по едно парче риба, одозгора полијте со сосот од лук и додадете прилог по желба (ориз, сварен зеленчук, компир) и послужете го топло.

Поврзани вести

Тиквички – вкусни, здрави и корисни... Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. Вистинска ризница се на манган, магнезиум, калиум, како и ретки минерали на фос...
Виенски гулаш со кнедли Највкусниот и најароматичен гулаш! Потребно е: 800 гр говетско месо за гулаш (од врат, грб, може и мешано) 3 главици кромид 3-4 лажици блага мел...
Полнети јајца Убава идеја за денешното предјадење ... Потребно е: 2 јајца 100 гр шунка 200 гр свежо кравјо сирење кисела павлака сол Подготовка: - Во е...
Брза чорба од домати Брзо се подготвува,а е неверојатно вкусна ... Потребно е: 1/2 л варен сок од домати 3 полни лажици пире од домати 1 л врела вода 1 лажица м...
Колачиња со мусли и банани Здрави и вкусни колачиња ... Потребно е: 3 помали банани 2 лажици семки од тиква 1 лажица сусам 1 лажица семки од лен 1 рамно лажиче цимет п...
Фурнаринки Домашно подготвени крцкави фурнаринки, идеални како прилог на секое јадење ... Потребно е: 260 гр брашно 60 гр пченкарно брашно 80 мл масло за гот...