Почнуваат трите музички вечери на „Струмица опен фестивалот”

Почнуваат трите музички вечери на „Струмица опен фестивалот”

Од вечерва до недела ќе се одржат последните три фестивалски дена на „Струмица опен фестивал” на кои ќе настапат звучни македонски и балкански музички имиња.

На градскиот плоштад од синоќа почна поставувањето на главната бина, на која вечерва ќе настапат Галија, Гаро и Тавитјан брадрс, Сергеј Четковиќ, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек, како и Галоски и Пата Пата рекордингс.

Дани, Ван Гог, Јелена Розга, Мистик и Астра-ион проект се планирани за в сабота 12 август.

Последната фестивалска вечер, публиката ќе може да ги проследи настапите на Нино Величковски, Квин реал трибјут, Дино Мерлин, Кирилик и Дисконектит.

Со тоа ќе завши шестото издание на фестивалот, кој почна на 3 август, а во чија програма се одржаа содржини за млади, поетски и филмски вечери, ноќи на афоризми, школа за гитара, џез и рок концерт…

Од „Струмица Опен фест“ информираат дека во петте изданија имале околу 900 илјади посетители, 400 изведувачи и 100 настани.

Поврзани вести

Принцот Хари поради љубов ја прекрши кралската тра... Британскиот принц Хари неодамна ја побара за жена својата девојка, американската актерка Меган Маркл, со што ја прекрши повеќедецениската кралска трад...
ВИДЕО: Патики кои го менуваат изгледот со еден кли... Фирмата Шифтуеар (ShiftWear) претстави патики чиј дизајн сопственикот може сам да го промени со помош на својот паметен телефон. Патиките во себе ...
Љубовта го поттикнува развојот на мозокот... Грижата, која мајката по породувањето ја покажува кон своето новороденче го стимулира и јакне развојот на мозокот на бебето. Нејзиното постојано пр...
Дизајнер продава селотејп за 200 долари, го нуди к... Најновата колекција за есен-зима на Раф Симонс претстави две варијанти на селотејп заедно со вообичаените додатоци и облека. На едниот од нив се чи...
Хелен Хант и Метју Карнахан раскинаа после 16 годи... Актерката Хелен Хант и продуцентот и режисер Метју Карнахан ја прекинаа 16 години долгата врска. Двојката и претходно раскинуваше, но се чини овојпат ...
Во Истанбул бездомните животни од стрес ги лекуваа... Центарот за рехабилитација за бездомни животни, во истанбулскиот кварт Бејликѓузју, има нов метод за да ги смират бездомниците. Тие почнаа на таму ...