Алкохолот во бременоста влијае на развојот на лицето на бебето

Алкохолот во бременоста влијае на развојот на лицето на бебето

Дури и многу мали количества на алкохол во бременоста, влијаат на обликот на лицето на децата, покажа истражувањето спроведено со 1.570 бремени жени, што го спроведе австралиската научничка Џејн Халидеј.

Честото конзумирање на алкохол во тек на бременост може да предизвика фетален алкохолен синдром кој влијае на карактеристиките на лицето, како што се мали отвори за очи, краток нос и мазен дел над горната усна. Децата со ваква состојба веројатно ќе имаат наришување во вниманието и однесувањето, како и понизок коефициенѕ на интелегенција, објаснува Халидеј.

Таа додава дека пиење на дури и мали количества на алкохол во текот на бременост може да има суптилни последици на начинот на кој се равива лицето на детето – вклучувајќи го обликот на очите, носот и усните. Сепак, навиката за конзумирање на по „некоја чашка“ не мора да биде штетна.

– Не знаеме дали малите промени во детскиот облик на лицето на било кој начин се поврзани со разликите во нивниот развој, признава докторката.

Кога 415 деца родени во текот на ова истражување имале една година, нејзиниот тим ги фотографирал со повеќе камери, од повеќе различни агли. Сите ги поврзале со помош на компјутер и добиле нивни 3Д фотографии на кои споредиле речиси 70.000 точки на секое лице.

Тие ги споредиле резултатите од мајки кои пиеле алкохол со тие кои не пиеле и откриле дека децата на оние кои пиеле „по малку“ имаат суптилни разлики, на пример малку покус и прчест нос. Дури и мали количества на алкохол влијаеле на обликот на лицата на децата, но тие промени не можат да се видат со голо око.

Поврзани вести

Адитивите во храната ја зголемуваат телесната тежи... Бројни истражувања покажуваат дека конзервансите што се наоѓаат во храната имаат штетни дејства врз човековиот организам. Едно истражување покажа ...
Како половина час пешачење влијае на вашето тело и... Половина час дневно веројатно го поминувате на интернет. Половина час го поминувате во сообраќајните гужви. Половина час не знаете што следно да напра...
Откриен е витамин кој спречува спонтани абортуси и... Само еден витамин може да помогне да се спречи развој на вродени недостатоци кај ембрионот и бебето, а тој воедно обезбедува и здрава бременост, откри...
Како да препознаете менингитис: Причини и симптоми... Поради се поголемата изложеност на бактерии на базените и во реките, децата од менингитис често заболуваат во текот на летните месеци, а еве како може...
Како детето да го натерате да јаде овошје и зеленч... Секој родител сака неговото дете да се храни здраво, но тоа не е секогаш возможно. Форсирањето може да предизвика контраефект па многумина порано или ...
Исповед на мајка, чие дете има АДХД... Секој родител се соочил со потешкотијата да се избори со хистериите на своето дете. Може и вам ви се случило детето да почне да плаче во продавница, д...