МЗШВ: Повлекувањето на хрватскиот правилник за инспекциски контроли е резултат на брзата реакција

МЗШВ: Повлекувањето на хрватскиот правилник за инспекциски контроли е резултат на брзата реакција

Одлуката на Хрватска за враќање на старите цени за инспекциски контроли за увоз на зеленчук и овошје од трети земји е позитивна за македонските компании кои извезуваат во Хрватска, оцени денеска Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство.

– Повлекувањето на Правилникот е резултат на брзата реакција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со цел што поскоро да се најде решение за проблемот со кој се соочија македонските извозници во Хрватска, по најавите за зголемување на трошоците за контроли при извоз во оваа земја. Ова е заднички успех на Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и доказ за посветеноста на регионот на Берлинскиот процес и градењето заедничка економска област, што е во насока на европските перспективи на регионот, соопшти МЗШВ.

Оттаму порачуваат дека Владата на Република Македонија континуирано ќе работи во насока на заштита на македонското земјоделско производство и непречен извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи.

Одлуката на Хрватска доаѓа по само три дена од заедничкиот состанок на надлежните министри од Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора, што се одржа во понеделникот во Сараево. На состанокот беа донесени заеднички заклучоци и беа пратени до Европската комисија и до Хрватска.

Следниот месец е договорен состанок на надлежните министри од регионот во Скопје, на кој ќе се разговара како да се отстранат бариерите кои ја загрозуваат слободната трговија на добра.

Веста за повлекување на новиот и враќање на стариот Правилник е објавена на официјалната веб страница на Министерството за земјоделство на Хрватска. Со враќањето на стариот Правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот од трети земји остануваат 90 куни (12 €) по производ.

Поврзани вести

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ не предвиделе покачување на пензи... Министерството за труд и социјална политика со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за покачувањето на пензиите. „Во врс...
СДСМ: Јавноста ја препознава лажната загриженост н... СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ. „Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија ...
ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 пензионери нема да го доби... Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека пензионерите се заложници на катастрофалното лоша фина...
Пораст од 28 проценти на трговската размена меѓу Т... Трговската размена меѓу Турција и Русија во првата половина од годината бележи пораст од 28 проценти, изјави рускиот министер за енергетика Александар...
(ВИДЕО) Богоев: Преку проектот Млад земјоделец, Вл... Стефан Богоев, претседателот на СДММ денеска во изјава за медиумите рече дека преку проектот „Млад земјоделец“, новата Влада предводена од СДСМ со 10 ...
СДСМ: Наместо за барок, споменици и палми, парите ... СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ не може да сокрие пустошот што го остави зад себе во економијата и огромните долгови што им...